Повискои даноци, помалку смртни случаи како резултат на пушењето
За девет години цигарите во Македонија ќе се продаваат за двојно повеќе. Од 1-ви јули ќе поскапат за 4 денари по кутија, а до 2023 една кутија која сега чини 40 денри ќе се продава за 90 денари.
Одговор на пресс-конференција на претседателот на ОК на ВМРО ДМПНЕ – Охрид
„Иако во целост можам да го разберам очајот на ВМРО ДПМНЕ, сепак, сметам дека треба да се има барем минимум политичка култура и да не се манипулира со лаги и полувистини, а само со една и единствена цел, собирање ситни дневнополитички поени“, се вели во реакцијата на градоначалникот Стојаноски.
Во Струга одбележан денот на победата над фашизмот
9 ти Мај денот на победата над фашизмот, како и Денот на Европа, одбележан во Струга. Повеќе делегации положија свежо цвеќе пред Споменикот на револуцијата. Пригоден говор по повод денот имаше претседателот на струшкиот сојуз на борци Ајредин Мемеди.
Скандал го тресе универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид
Педессеттина студенти кои уредно се запишаа на информатичкиот факултет во Охрид , во државна квота, нема да можат да студираат на избраните струки. Универзитетот распишал редовен конкурс за уписи иако немал акредитација. На самиот почеток на академската година, од студентите било побарано да потпишат изјава дека прифаќаат да студираат на друг место на факултетот на кој биле пријавени и примени.
Надал не верува дека Ѓоковиќ има проблеми со дишењето
Од болницата „Пирогов“ отпуштени двајца од повредените во автобуската несреќа
Двајца од граѓаните на Македонија повредени во сообраќајката на автопатот „Струма“ се отпуштени од софиската болница „Пирогов“. Како што јави дописникот на МИА од Софија, отпуштените пациенти се стабилни и во добра општа состојба. Се очекува тие да бидат преземени за натамошно набљудување во медицинските установи во Македонија. Д-р Анастасија Викторова од Клиниката за изгореници и пластична хирургија при НУ болница Пирогов ги предаде пациентите на медицински екипи од Македонија.
Основни училишта ја почнале учебната година без извршена дезинфекција и дератизација на објектите
Основни училишта ја почнале учебната година без извршена дезинфекција и дератизација на објектите. Од центарот за јавно здравје велат директорите на школите биле информирани за нивната законска обврска. Додаваат дека не станува збор за скапа услуга за третирање на училиштата.
Трето издание на Охрид Ултра-Треил®
Охрид Ултра-Треил® е меѓународен спортски настан во природа кој се одржува еднаш годишно во Националниот Парк Галичица и Преспанско-Охридскиот регион, Македонија. Третото издание на овој настан во планинско ултра-трчање опфаќа 4 трки со дистанци од 100км, 60км, 40км и 21км и е закажано на 17-19 септември 2021 година.
ВМРО-ДПМНЕ Охрид: Неодговорноста на Стојаноски ги остави учениците без бесплатен превоз на почетокот од учебната година
Учениците моментално се превезуваат со анекс-договори која е законски дозволена категорија, но само во случај кога е распишан тендер за нова набавка, обвинуваат од Општинскиот комитет на ВМРО -ДПМНЕ од Охрид.