Skip to main content
Сеп 5, 2018

Во просториите на општина Охрид, денес, средба остварија општинските фудбалски сојузи на Охрид и Јагодина. Домаќин на средбата беше градоначалникот Јован Стојаноски.


Апр 25, 2013

Јас сум од денеска градоначалник на сите граѓани на Струга и овој мандат ќе го искористам за доброто на сите без разлика на нивното етничко, политичко и верско убедување – изјави Зијадин Села на чинот на примопредавање на градоначалничката функција во Струга.


Сеп 5, 2018

Во спомен музејот „Христо Узунов“ се одржа меѓународна конференција на тема „Културно наследство, историја, традиција“. Научници од неколку балкански држави презентираа најнови истражувања во однос на културното наследство. Во рамките на конференцијата турски уметници имаа уметничка изложба на ракотворби. 


Јан 25, 2012

Голманот на македонскиот шампион, Металург, Дарко Станиќ е убедливо најдобриот поединец на селекцијата на Србија на актуелното Европско првенство 2012, најзаслужниот за веќе осигураниот пласман на Србите во полуфиналето на шампионатот.


Сеп 17, 2021

Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната.


Сеп 5, 2018

Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус, започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма  преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.


Мај 18, 2021

Охридските ракометари се наоѓаат пред нов мини маратон во ракометната суперлига. Tреба да одиграат 5 натпревари вo 15 дена при што неопходни им се минимум 4 победи за да се оствари пласман помеѓу 4тите најдобри екипи.


Сеп 5, 2018

НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од први септември повторно е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30часот.


Сеп 4, 2018

Од ОК на Вмро Дпмне Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот и директорите на ЈП.  Градоначалникот Стојаноски наместо да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, тој го промовира капитулантскиот договор на Заев и нивните активности поврзани со претстојниот референду, обвинија на прес конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ.