Во станбен комплекс на улицата Ѓорче Петров два месеци истекува вода за пиење
Во станбен комплекс на улицата Ѓорче Петров два месеци истекува вода за пиење. Пукната е водоводна цевка во деловен простор после контролно водоводно броило на МЈП Проаква. Обврска е на Куќниот совет и заедницата за домување да направат дислокација на водоводната цевка која минува низ деловните простори за да се спречи водоизлевањето.
Се прекројува законот за заштита од пушење
Со Законот за заштита од пушењето се уредува начинот на заштита од штетните влијанија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувување на животната средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите.
РАБОТНА СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈА НОСКИ СО МИНИСТЕРКАТА АПОСТОЛСКА
Градоначалникот Јован Стојаноски, денес оствари работна средба со министерката за привлекување странски инвестиции Зорица Апостолска. Министерката Апостолска го запозна градоначалникот Стојаноски со планот на владата за економски раст и финансиската поддршка што истиот ја нуди за новите инвестиции.
Samsung ги намалува цените
Samsung Galaxy S7 ќе биде поевтин од S6
Пензионерите од Охрид и Дебрца навреме ќе добијат огревно дрво
Пензионерите од Охрид и Дебрца кои се снабдуваат со огревно дрво преку Здружението на пензионери од Охрид и Дебрца навреме ќе добијат огревно дрво. Од здружението уверуваат дека сите ќе го добијат огревното дрво, до почетокот на сезоната, доколку исплатиле дел од ратите. Дадена им е можност за плаќање до десет рати.
„Вулканот“ во Косел, предизвика балканска медиумска „ерупција“
После вестите кои ги тревожеа граѓаните во изминатиов период за земјотресите и поплавите во регионов денес осамна уште една ударна вест за можна елементарна непогода.
Учениците од охридските основни и средни училишта останаа без организиран превоз
Учениците од охридските основни и средни училишта останаа без организиран превоз. Причината е ненавремено објавен тендер за избор на превозни компании. Тендерот е распишан и се очекува до почетокот на октомври да се воспостави организиран училишен превоз.
Конститутивна седница на струшкиот Совет
Одржана првата конститутивна седница на струшкиот Совет. На 25 советници од страна на надлежната комисија им беше веривициран 4 годишниот мандат. Струшките советници и официјално ја дадоа и потпишаа свечената изјава со која се обврзуваа да ги бранат граѓанските интереси.
ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА ОДБЕЛЕЖАН СО РЕВИЈАЛЕН ВАТЕРПОЛО ТУРНИР
Денот на независноста на Република Македонија, беше одбележан со ревијален ватерполо турнир во градското пристаниште. Овој спортски настан, го организираа Секторот за спорт при општина Охрид, клубот за спортови на вода „Охридски бранови 2008“ и Охридскиот Црвен Крст.