Затворен за сообраќај дел од улицата „Кленоец“
Поради одржување на Меѓународната вежба NATO EADRCC (Евроатлански центар за координација на одговор при катастрофи), која ќе се реализира Охрид, во периодот од 20-ти до 25-ти септември, од денеска до 24-ти септември ќе биде целосно затворена за сообраќај улицата „Кленоец“ во делот кој поминува низ Касарната.
Започнуваат уписите во БРЕИНОБРЕИН
Центарот за развивање на животни вештини БРЕИНОБРЕИН-Црвен крст Охрид во есенскиот циклус, започнува со уписи на нови деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.
Ракометарите на Охрид утре на домашен терен го пречекуваат ракометниот клуб Пролет
Охридските ракометари се наоѓаат пред нов мини маратон во ракометната суперлига. Tреба да одиграат 5 натпревари вo 15 дена при што неопходни им се минимум 4 победи за да се оствари пласман помеѓу 4тите најдобри екипи.
Одделението за издавање книги повторно отворено
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ги известува читателите и корисниците на нејзините услуги дека одделението за издавање книги од први септември повторно е отворено секој работен ден од 8:30 до 18:30часот.
Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот
Од ОК на Вмро Дпмне Охрид упатија сериозни обвинувања на адреса на градоначалникот и директорите на ЈП. Градоначалникот Стојаноски наместо да ги решава секојдневните проблеми на граѓаните, тој го промовира капитулантскиот договор на Заев и нивните активности поврзани со претстојниот референду, обвинија на прес конференција ОК на ВМРО ДПМНЕ.
Филмскиот Фестивал за млади „Џифони“ во охрид
Денес во мала сала на општина Охрид ќе се одржи прес конференција по повод меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони“, кој ќе се одржи од 26 – 27.12.2015 во Охрид.
Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида
Бактерија стрептокока ги испразни групите со деца згрижени во градинката Лихнида. Од градинката напоменуваат дека една третина од тие деца имале прекин во летните месеци, а останатите се ново запишани. Директорката тврди дека навреме се преземени мерки за дезинфекција и дезинсекција во сите објекти на градинката.
Трикови кои сигурно откриваат лажговци
Лажењето е начин на кој се сака да се избегнат одредени санкции
Спортската сала ќе блесне во нов сјај
Јавното претпријатие „ Билјанини извори“ во изминатите две недели во рамките на своите можности се посвети кон подобрување на условите кои ги нуди спортската сала „ Билјанини Извори“, се со цел да овозможат достоинствени услови за тренинг, натпреварување и рекреација за сите клубови, федерации и рекреативци.