Охрид домаќин на средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром
Охрид домаќин на средба на пациенти, семејства и експерти за Алпортов синдром. Ова е прва средба на Балканот за сензибилизација на јавноста за оваа ретка болест. Тоа е наследна болест која предизвикува прекин на функцијата на бубрезите кај деца тинејџери и млади луѓе. Причинува намалување на функцијата на бубрезите, загуба на слухот и проблеми со видот.
Легло на расни кучиња на само неколку метри од училиште во Струга
Во атарот на О.У. „Јосип Броз Тито“ дел од училишниот двор е узурпиран од страна на приватно лице, кое одгледува кучиња. Родителите и раководните структури на училиштето реагираат и бараат надлежните институции да делуваат со цел проблемот во најбрз можен рок да биде надминат.
На охридското крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона
На охридскот крајбрежје се сумираат туристичките резултати за оваа летна сезона. Хотелиерите велат дека на крајбрежјето се барало легло повеќе. За да се задоволат барањата на туроператорите од поголемите земји од Европа и светот се потребни нови хотелски капацитети.
Грчката телевизија нема да го пренесува ватерполо дуелот Македонија-Грција
Ценовник за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021, портал ТВМ
Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
Задолжителни лиценци за земјоделците пазарџии
Наскоро ќе има задолжителни лиценци за земјоделците пазарџии. Покрај оваа новина на зелените пазари ќе мора да се плаќа одредена тарифа за здравствено и пензиско осигурување. Во тек се измени во Законот за трговија на зелените пазари.Во охридскиот пазар во моментов има закупено околу 170 тезги.
Изградбата на нова училишна зграда на „ Братство Единство“ ќе почне во второто полугодие
Централната зграда на ОУ Братство Единство подготвена да ги прими учениците во учебната 2018 /2019. Изградбата на новата зграда ќе почне во второто полугодие. Покрај централната зграда се подготвува и објектот во Лескајца на коj се потребни замена на кровот и изведување на дренажен систем.
Се повлекува Efferalgan сирупот
На барање на производителот Bristol – Myers SQUIBB, Аген, Франција, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) одобри повлекување на лекот EFFERALGAN орален раствор 30mg/ml со сериски броеви: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, R1767 и R3180.
Сопствениците на градежната парцела: Станарите со протестото се изманипулирани, градбата е легална
Со реакција до ТВМ се обратија сопствениците на градежното земјиште за кое вчера група граѓани одржаа протест против изградба на висококатница. Тие тврдат дека членот на куќниот совет кој не е нивен непосреден сосед ги манипулира граѓаните и во јавност изнесе лаги , манипулации и тешки обвинувања против нив. Општинските и државните органи си ја работат работата, државата и правниот систем профункционираа и заврши времето на „Бате јави се“, вели еден од сопствениците на градежното земјиште.