Skip to main content
Авг 21, 2018

Нашите сограѓани со муслиманска вероисповед со утринска молитва бајрам намаз, го започнаа прославувањето на гопемиот празник Курбан Бајрам. Тоа е празник на жртвата и приближување кон Бога, при што побогатите им помагаат на посиромашните. На  обичајот на принесување на курбанот присуствуваше и Градоначалникот Јован Стојаноски кој упати честитки за празникот а беше почастен со традиционалната баклава.


Авг 21, 2018

По втор пат искршена рампата за влез во Стар град кај Горна Порта. Со тврд предмет искршен е читачот на картички. Од ЈП Билјанини извори најавуваат дека за два дена рампата повторно ќе биде ставена во функција, а од полицијата бараат да се пронајде вандалот.


Дек 16, 2015

Атанас Урумов, дипломиран политиколог од Гевгелија, Александар Чичаковски магистер по правни науки и Реџеп Прекопуца професор по албански јазик од Арачиново се тројцата експерти кои ќе бидат дел од новиот состав на ДИК, пренесува „Телма“.


Авг 20, 2018

Охриѓани и пациенти од регионов повторно добиваат компјутерска рендген дијагностика на Одделот за радиологија при Општа болница Охрид. Проработе томографот кој цела година беше нефункционален поради потребата од нова рендгенска цевка.


Ное 7, 2015

Лесин ја финансираше Russia Today која го поддржува Путин


Авг 20, 2018

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ со прес конференција го критикуваше охридското здравство. Критиките се  упатени за старите и нереновирани болници, расипаните медицински апарати и вработувањето на медицински сестри во Општа болница Охрид.  


Мај 27, 2014

Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“.


Авг 20, 2018

Од локалната самоуправа ги повикуваат граѓаните (физички и правни лица) кои сметаат дека невремето проследено со врнежи од дожд, град и ветер кое го зафати подрачјето на Општина Охрид во петокот, 17ти август, им има нанесено материјална штета на нивните имоти ( угостителски објекти, станбени објекти, земјоделски објекти, деловни простори и друго.) , истата да ја пријават во просториите на општина Охрид.


Апр 13, 2013

Невладината организација „Езерка“ од Струга, за 2013 година има планирано бројни активности и рерализација на два проекти, „Трговија со луѓе“ и Заедничкото живеење во Струга зависи од мене и од тебе“.