Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид
Пуштена во употреба современа автобуска станица во Охрид. Во нејзина близина поставени темели и на нов трговски центар на површина од 8 илјади метри квадратни. Премиерот Зоран Заев го поздрави потегот на македонските инвеститори да учествуваат во изградба на нови објекти кои ќе допринесат за поквалитетен живот на граѓаните.
Хортикултурно се уредува тротоарот на „Јане Сандански“
Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ деновиве изведуваат работни активности за хортикултурно уредување на зелените површини на тротоарот на улица „Јане Сандански“, согласно проектот за реконструкција на улицата.
Граѓански активисти повторно го кренаа гласот против неконтролираната урбанизација и девастација на Охрид и крајбрежјето
Со транспаренти, со тропање на буриња, маскирани со перики, активисти на неколку граѓански здруженија изведоа уметнички перформанс пред општина Охрид барајќи итно спроведување на препораката на Реактивната мисија на УНЕСКО, прогласување на мораториум на сите крајбрежни и урбани трансформации сè додека не се изработат сите релевантни плански документи.
Во охридската населба Кошишта спречен пожар од поголеми размери
На улицата Вардарска утрово со брза интервенција охридските пожарникари спречија пожар од поголеми размери. За среќа е опожарена само една соба со покуќнина.
Груевски утре пред анкетната комисија
Груевски, Ставревски, Протуѓер, Мијалков, Јанкуловска и Јанакиевски по овој редослед треба да се појават пред Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.
Охридскиот ШК „Ласкер“ организира турнир на отворено
Охридскиот шаховски клуб Ласкер го доближува шахот до охриѓани и туристите. На несекојдневен начин на отворено охридските шахисти нудат забава преку можност да се одигра партија шах.Туристите и охриѓани пријатно изненадени од еден ваков шаховски турнир.
Произведен првиот кинески патнички авион
Кинескиот патнички авион го произведе државниот COMAC
Со звуците и танцот на ориенталната турска музика во Охрид гостуваше Балканскиот караван
Презентирана турската култура со Балканскиот караван од општината Кучукчекмеџе од Република Турција. Шеесетина уметници прикажаа дел од нивната култура и фолклор од разни делови на Турција. Караванот патува во пет земји и ќе посети осум балкански градови.
Пожар во битолскиот Монмартр
Утрово во 06 часот се појави пожар на приземјето на битолскиот Mонмартр во старата битолска чаршија,пренесуваат битолските медиуми.