Верификувани мандатите на новите советници во Струга
Денес беа врачени сертификатите на струшките советници. Дел од нив кажаа оти мора да бидат единствени во Советот и да се залагаат општина Струга да го зачува своето реноме како најубав град во државата.
Локална самоуправа: Охрид е повеќе од политика и повеќе од партија
Состојбата во која го затекнавме градот бараше да се започне скоро од нула во средувањето на состојбите. Го оставивте ЈП „Охридски комуналец“ во очајна состојба, а од „Мауцкер“ направивте растоварна станица на комунален отпад, реагираат од локалната на изнесеното на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.
Македонија избира спортист на годината за 2011
Русија го прогласи опозиционерот Навални за „терорист и екстремист“
Ставањето на „терористичката“ листа на државната служба за финансиски мониторинг, „Росфинмониторинг“, значи дека Навални и членовите на неговиот тим се предмет на ограничувања на банкарските трансакции и треба да бараат одобрение секогаш кога сакаат да ги користат нивните сметки.
Несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош
Многу често несовесни возачи ги игнорираат сирените на амбулантните возила на итната медицинска помош. Не даваат предност на возилата и ги попречуваат медицинските екипи и возачите на амбулантните коли да интервенираат брзо. Дополнително амбулантните возила имаат сериозен проблем со уште понесовесни возачи кои непрописно се паркираат пред ургентниот центар.
Пронајден канабис кај жител на Лескоец
Приведено е 38-годишно лице од охридското село Лескоец, кај кого во неговиот дом полицијата пронашла седум стебла растенија Канабис.
Арнаудоски: Градоначалникот да излезе од кабинетот и да го види ѓубрето низ градот
Локална власт на сдсм прави еколошка катастрофа, обвини на денешната прес конференција советникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Илија Арнаудоски.
Укинувањето на две нискобуџетни авиолинии на Визер нема да имаат негативен импакт врз туризмот во земјава
Укинувањето на авиолиниите за Барселона и Лондон на нискобуџетната компанија Визер нема да има големо влијание врз туризмот во земјава. Негативно влијание нема да има доколку тоа остане на само овие две дестинции. Хотелските работници се надеваат на отварање на нови линии во иднина.
Ремек делото на Вим Вендерс на кино репертоарот во Охрид
Последното остварување на Вим Вендерс „Сѐ ќе биде во ред“, кој премиерно беше прикажан на Фестивалот на Европскиот филм „Синедејс“ вечерва ќе се прикажува во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Кино проекции ќе има утре и задутре (16-ти и 17-ти декември).