Oдлични борби на браќата Ангелески на „Фајт најт 1“
Викендов во Сплит, Хрватска, се одржа престижниот боречки настан во професионални борби „Фајт најт 1“на кој учесниците ги покажаа своите знаења во мешани боречки вештини и кик бокс.
На 39тиот Илинденски пливачки маратон триумфираа Јана и Стефан од Скопје
На 39тиот Илинденски пливачки маратон триумфираа Јана Милкоска и Стефан Цветкоски од Скопје. 10 годишниот охриѓанец Василиј Топалоски доби пехар од Градоначалникот Стојаноски за најмлад учесник на маратонот. За младите пливачки надежи, мора сите да работиме заедно, во иднина да го вратиме сјајот на охридското пливање, кажа Градоначалникот.
Несреќата на рускиот патнички авион ја предизвикал некаков удар?
“Невозможно е да е техничка или грешка на пилотот”
Охрид го одбележа 2 август Денот на државноста на Македонија
Охрид го одбележа 2 август Денот на државноста на Македонија. Се одржа историски час за текот на создавање на македонската држава и нација. Пред биститите на борците од илинденскиот период и Ноб беше положено свежо цвеќе.
Претседателот Иванов се сретна со поглаварот на Римокатоличката Црква
Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.
Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“
Oд денес започна со работа новиот ресторан „Бистро Вилиџ“. Ова бистро се наоѓа во комплексот „Village Вања Камчев“, а таму можат да се најдат најразлични готвени јадења, супи и салати за многу ниски цени. За првите посетители на денешното отварање на бистрото следуваше дополнителен попуст од 50% на целата храна.
Разбирањето на ознаките на храната-прв чекор за безбедна исхрана
Агенцијата за храна и ветеринарство и Организацијата на потрошувачи на Македонија, заедно во заштита на здравјето на потрошувачите.
ОК НА ВМРО ДПМНЕ:Со кое право Заев се фали со проект на ВМРО ДПМНЕ
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ одржа пресс конференција поради свеченото пуштање во употреба на новата автобуска станица во Охрид. Тие потсетија дека тоа е проект на ВМРО-ДПМНЕ кој отпочна изминативе години и на кој особено се горди како партија, но исто така потсетија и дека кога отпочнува проектот СДСМ и Зоран Заев бесмислено го напаѓаа и критикуваа.