„На секое дете му треба семејство“
„На секое дете му треба семејство“. Под овај слоган денес на градскиот плоштад во Охрид беше промовирана кампањата која треба да ги мотивира македонските граѓани да згрижуваат деца. Во моментов во Охрид има 3 згрижувачки семејства, а и уште едно има интерес да им подаде рака на децата кои немаат сопствен дом.
Програмата „Креативна Европа“ достапна за сите субјекти од областа на културата
Субјектите од областа на културата може да аплицираат со проекти финансирани од фондовите на ЕУ. Издвоени се 1 и пол милјарда евра за сите европски земји кои имаат пристап до фондовите на унијата. Од министерството за култура повикуваат да се искористат средства од Програмата која ќе трае до 2020 година.
Дизелот поефтини, цената на бензините непроменета
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за еден денар, додека цената на бензините останува непроменета.
Филм на бродот „Галеб“ на вториот ден од Beach Film Festival во Охрид
Летен филм на брод на Охридското Езеро – уникатно звучи новитетот што ќе се случи на вториот ден на „Beach Film Festival“. Денеска сите заинтересирани ќе можат да го гледаат данскиот филм “Holiday” на бродот “Галеб”, кој во 22 часот ќе тргне од Охрид и ќе плови кон плажата Оревче.
Зависноста од екраните сѐ поголема
Истражување за тоа колку пати дневно се проверува телефонот
Со брод од Радожда до Св. Наум
Со брод од Радожда до Св. Наум би била новата туристичка атракција на брегот на Охридското Езеро. Хотелската асоцијација ХОТАМ не се откажува од ваквата замисла. Со години бара бродско поврзување на секое населено место вдолж крајбрежјето.
Наместо матични, ќе не лечат семејни доктори
Oд Здружението на лекари по општа, односно семејна медицина, велат специјализациите веќе се во тек, а од следната година граѓаните ќе можат да изберат семеен доктор.
Локалната: И УНЕСКО бара редуцирање на сообраќајот во Стар град
Од локалната самоуправа реагираат на изнесеното на вчерашниот прес на ОК на ВМРО ДПМНЕ во врска со поставувањето рампи и издавањето пропусници за жителите на Стар град.
Струга ја очекуваат големи инфраструктурни вложувања
Време е Струга да тргне во вистинска насока. Проектите и средствата се тука, се чека само нивна реализација, истакна Миле Јанакиевски, Министерот за транспорт и врски. Тој денес беше во посета на Струга, за да му даде поддршка на заедничкиот кандидат за градоначалник Д-р Владимир Кочоски.