Кочоски: Затворениот базен, врвен приоритет
Заедничкиот кандидат за градоначалник на Струга, д-р Владо Кочоски, оддржа прес конференција пред најголемата руина во општината, затворениот пливачки базен. Тој вети негова реконструкција, како би можело да се врати пливањето преку цела година во градот, а не само во лето.
Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар
Потпишан Договор за пријателство и соработка меѓу Охрид и Мостар. Договорени се повеќе области за соработка со кои ќе се јакне пријателството, културата, спортот , туристичките и други општествени врски. Меѓу нив се заедничкиот пристап до европските фондови за проекти за енергетска ефикасност.
Роси: „Го убив својот најдобар пријател“
Ценовник за платено политичко рекламирање за Локалните избори 2021
Портал „ТВМ“ (www.tvm.mk) го објавува ценовникот за платено политичко рекламирање за спроведување на избори за членови на советите на општините и советот на град Скопје и за градоначалници на општините и градоначалник на град Скопје за 2021 година.
Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018
Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018. Со проектот Бела ноќ се ветува забава и музика за сите со гостување на светски диџеи и познати музички имиња. Охрид и ова лето е посакувана дестинација на која се бара врвна забава, а за која се погрижија Авалон продукција и ЛС. Тие упатуваат апел граѓаните да имаат разбирање за бучавоста и раздвиженоста во градот.
Утре езерско дерби ГРК Охрид – РК Струга
Важната победа над Пролет за охридските ракометари е веќе зад нив. Полни со самодоверба се насочуваат кон утрешната куп пресметка со Струга. Езерското дерби секогаш носи емоционален набој помеѓу играчите на двата клуба а охриѓани се надеваат дека ќе ја оправдаат улогата на благи фаворити.
Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго
Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за 1 час во одредени денови од овој и наредниот месец. Зa време на Белата ноќ работното време се зголемува за два часа.
Додека не се утврди кои се новите концесионери, старите и понатаму ќе си стопанисуваат со плажите
Општината по јавното наддавање нема јасна претстава кој ќе стопанисува со плажите Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо. Општинската комисија ги разгледува пристигнатите приговори и има рок до понеделник да одлучи по истите. Додека не се утврди кои се новите концесионери, старите и понатаму ќе си стопанисуваат со плажите.
Ин витро без партиципација
Пациентките кои сакаат да остварат право на ин витро за добивање прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување се ослободени од плаќање на партиципацијата од 6.000 денари.