Skip to main content
Мај 15, 2014

Украдени се шест икони и 600 денари. Денеска полицијата соопшти за кражба во црквата „Свети Никола“ во мавровското село Трница каде се исчезнати четри дрвени икони.


Јул 10, 2018

Се е подготвено за отварањето на 58 то издание на  фестивалот „Охридско лето“. Во претстојните 40 дена   ќе продефилираат повеќе од 800 музички и театарски уметници од 27 држави од Европа и светот. Завршени се и активностите околу доуредувањето на сценските простори каде што ќе се одржуваат настаните на фестивалот.


Мар 28, 2013

Владимир Кочоски заедничкиот кандидат за градоначалник на „Сојузот за Струга“, ќе започни од Лабуништа, ќе гради во Радожда и во Боровец , во Октиси и Враништа, нема да го заборави Радолишта, треба многу работи да заврши и во Јабланица и Подгорци, истакна Лилјана Затуроска пратеничката од ВМРО – ДПМНЕ.


Јул 9, 2018

Денеска истече рокот за жалби и приговори за наддавањето за издавање под концесија на петте најатрактивни плажи во центарот на Охрид.


Окт 22, 2011

Смената на раководството во ФК Охрид 2004 ја разнежни директорката на јавното претпријатие „Билјанини извори“. Во зависност од моменталните услови фудбалерите ќе имаат можност и повеќе од еднаш да тренираат на главниот терен-вели таа. Односот на јавното претпријатие кон фудбалерите секогаш ќе биде коректен-додава Јованоска.


Сеп 15, 2021

Во рамките на 1/16 финалето од Купот на Македонија, денеска екипата на Воска Спорт ќе ги одмери силите со тимот на Брегалница.


Јул 9, 2018

Во Охрид во тек е кампањата „ Го сакам градот безбеден“.  Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот,  локалната самоуправа и  полицијата заедно спроведуваат еднонеделна кампања за сите учесници во сообраќајот. Целта е подигање на свеста кај  сите да дадат придонес  за мирно лето без сообраќајни несреќи.


Јул 9, 2018

80 обучени спасители летово ќе се грижат за безбедноста на плажите в долж Охридско-Струшкото крајбрежје, а и на Преспанското езеро. Општинскиот Црвен крст покрај со спасители капалиштата ги обезбеди и со пет спасителни чамци , а ќе бидат ангажирани и екипи на парамедици. На граѓаните останува да одлучат дали ќе одат на безбедна или на необезбедена плажа.


Ное 25, 2015

Под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“ денеска ќе се означи почетокот на 16-дневната кампања за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права.