Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018
Со концертот на Масимо Савиќ утре стартува и официјално лето 2018. Со проектот Бела ноќ се ветува забава и музика за сите со гостување на светски диџеи и познати музички имиња. Охрид и ова лето е посакувана дестинација на која се бара врвна забава, а за која се погрижија Авалон продукција и ЛС. Тие упатуваат апел граѓаните да имаат разбирање за бучавоста и раздвиженоста во градот.
Утре езерско дерби ГРК Охрид – РК Струга
Важната победа над Пролет за охридските ракометари е веќе зад нив. Полни со самодоверба се насочуваат кон утрешната куп пресметка со Струга. Езерското дерби секогаш носи емоционален набој помеѓу играчите на двата клуба а охриѓани се надеваат дека ќе ја оправдаат улогата на благи фаворити.
Угостителските објекти ќе работат уште еден час подолго
Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти за 1 час во одредени денови од овој и наредниот месец. Зa време на Белата ноќ работното време се зголемува за два часа.
Додека не се утврди кои се новите концесионери, старите и понатаму ќе си стопанисуваат со плажите
Општината по јавното наддавање нема јасна претстава кој ќе стопанисува со плажите Потпеш , Канео, Куба Либре и Кадмо. Општинската комисија ги разгледува пристигнатите приговори и има рок до понеделник да одлучи по истите. Додека не се утврди кои се новите концесионери, старите и понатаму ќе си стопанисуваат со плажите.
Ин витро без партиципација
Пациентките кои сакаат да остварат право на ин витро за добивање прво, второ, трето и четврто дете најмногу до трет неуспешен обид за оплодување се ослободени од плаќање на партиципацијата од 6.000 денари.
Во општина Дебрца ќе се подобрува локалната патна инфраструктура
Во општина Дебрца ќе се подобрува локалната патна инфраструктура. Селата од општината ќе се поврзуваат побрзо со соседните општина Струга и Охрид. Во селото Волино ќе се реконструира старата училишна зграда за потребиет на жителиет од оваа месна заедница. Парите за проектите ги обезбеди Југозападниот плански регион преку националниот буџет за рамномерен развој.
Facebook ја укинува опцијата која беше присутна со години
Социјалната мрежа темелно го менува начинот на комуникација меѓу корисниците
Од вечерва се до 20 август Охрид е центар на културата со Фестивалот „Охридско лето”
Охрид очекува спектакуларно отворање на фестивалот Охридско лето. Големите оперски ѕвезди, сопранистката Елена Мошуц и тенорот Калин Братеску, под диригентската палка на Николае Молдовеану , а во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија ќе приредат незаборавно доживување за посетителите на Антички театар.
Се проширува проектот „Домашна визита“
Проширување на проектот „Домашна визита“ како една од мерките со кои им се помага на социјално ранливите категории, најавија в Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, и министерот за здравство, Никола Тодоров.