Skip to main content
Јун 25, 2018

Традиционалниот музичко-сценски фестивал “Словенија во Охрид“, синоќа беше отворен на летната сцена на Долни Сарај. Дувачки и тамбурашки оркестри, хорови и мажоретки и 31 фолклорна група со над 800 учесници во наредните денови ќе ја презентираат словенечката музика и игра пред охриѓани и гостите. Амбасадорот на Република Словенија во нашата земја Милан Јазбец, истакна дека оваа манифестација е празник соработката и пријателството кој покрај на словенечки се обрати и на македонски јазик.


Јун 22, 2018

Прославениот ракометар и капитен на Македонска репрезентација Кирил Лазаров, денес беше примен од градоначалникот Јован Стојаноски. Во пријателска и срдечна атмосфера, градоначалникот Стојаноски најнапред му го честиташе пласманот на македонскиот капитен на Светското првенство и посака нашите најдобри спортски амбасадори повторно да ја израдуваат македонската јавност со добар резултат.


Ное 20, 2015

Телевизијата останува медиумот од кој граѓаните најмногу се информираат за политичките случувања во земјава, покажа анкетата спроведена од страна на Меѓународниот републикански институт (ИРИ).


Јун 26, 2018

Претседателот на Советот Живка Ангелоскa ја свика 12тата седница на Советот на Општина Охрид.


Окт 25, 2015

Европската централна банка размислува за олабавување на монетарната политика


Јун 22, 2018

Согласно програмата на Секторот за туризам и локален економски развој за подобрување на конкурентноста на пазарот на трудот, денес градоначалникот Јован Стојаноски на 29 граѓани им врачи дипломи за успешно реализирана обука.


Мај 9, 2014

Три бањи кои имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) им наплаќале на осигурениците дополнителни средства за услугите, со што во 2013 година ги оштетиле за 11 милиони денари.


Јун 20, 2018

Градоначалникот Јован Стојаноски, денес, оствари средба со шестчлената делегација на кинескиот град Далиан предводена од заменик – градоначалничката Вен Зукионг. Во делегацијата се директорот на културното биро во Далиан, директорот на образовното биро и претседателот на стручно – техничкиот колеџ, заменик директорот а канцеларијата за надворешни работи.


Мар 21, 2013

Тие побараа да нема семејно гласање и принудување од било каков вид. Изразија надеж дека овие избори сепак ќе поминат без никакви тензии.