Skip to main content
Јул 4, 2018

Во организација на Националната установа, Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид, од денес до 7-ми јули 2018 година ќе се одржи 57-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри, најстарата фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.


Сеп 15, 2021

Времето денеска во Охрид сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец.


Јул 3, 2018

Наскоро ќе биде отворена етнолошка поставка во Музејот на Робевци. Интересот  за етнолошките предмети од минатото на Охрид кај туристите е голем. Од Завод и музеј веќе склучиле договори со неколку поголеми туроператори за посета на музејот. Се прават завршни подготовки и во Лапидариумот кој е во надворешниот дел од музејот на Робевци.  


Јул 2, 2018

Од денес и официјално започна зонското паркирање и наплатата на паркинг услуга преку смс систем. Од ЈП Билјанини извори се подготвени да им излезат во пресрет на граѓаните и туристите при користењето на услугата. Наплаќањето ќе се врши во зоните А и Б а за зоната Ц дополнително ќе се размислува дали ќе се врши наплата на паркинг. 


Ное 23, 2015

Овој пат „жртва“ беше директниот ривал за втората позиција во Супер лигата, екипата на „Работнички“. Во завршницата на совршениот натпревар, гладијаторите славеа со 24-20.


Јул 2, 2018

Промовирани охридската цреша и  еколошки производи од  охридскиот регион. Производителите имаа можност да ги изложат  производите кои носат ознака бренд со географско потекло и кои се одгледуваат во Охридско преспанскиот резерват. Лошиот пласман на црешата им предизвика главоболка на овоштарите кои  не пројавија голем интерес да  учествуваат на промоцијата.


Окт 25, 2015

Пониските температури не се единствена причина за зголемена потрошувачка на гориво


Јун 29, 2018

На денешната седница охридските советници прашуваа, а  градоначалникот одговараше. Имаше прашања од сите општествени сфери од  живеењето во градот и од работата на ЈП. Повторно беше актуелизиран проблемот со колекторот и кој да   стопанисува со него.


Мај 14, 2014

Апелација ја одложи јавната седница за случајот „Расколник“, во кој првообвинет е расчинетиот владика Вранишковски.