Младата Ајше Хасан го освојува светот
Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски денеска во својот кабинет ја прими Ајше Хасан која го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија.
Општината бара 12 лица за организирање на Јавни работи
Општина Охрид на ден 07.06.2018 година објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 12 лица кои се заинтересирани за организирање на Јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации,лица од социјален ризик и лица кои се заинтересирани за лесна физичка работа.
„Татко“ на кино репертоарот во Охрид
Следнава недела на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид ќе се прикажува филмот “ТАТКО” во режија Висар Морина.
Новинари од Естонија објавуваат промотивни текстови за Охрид
Новинарите од Нордика-Естонија, кои на 2-ри и 3-ти Јуни, учествуваа на промотивната тура „ Охрид 2018“ , што ја организираа Агенцијата за поддршка на туризмот, ТАВ- Македонија и Секторот за туризам и локален економски развој при општина Охрид, започнаа да објавуваат промотивни текстови за Охрид.
Германија започнува протерување на околу 200.000 економски мигранти
Бегалската криза го забрза процесот на протерување во Германија
Во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловилата кој каде ќе стигне
Повторно ова лето во каналот Студенчишта сопствениците ќе ги врзуваат пловните објекти кој каде ќе стигне. Надлежност за одбележување на местата каде ќе се врзуваат пловилата засега немаат ни Капетанија ни Локалната самоуправа. Каналот не го даваат неколку министерства меѓу кои и ресорното на одбрана, а од Капетанија посочуваат дека има појава на тргување со паркинг места во каналот.
За првпат во Македонија се воведува водич за исхрана на населението
Засега изготвена е нацрт-верзија која ја презентираше министерот за здравство, Никола Тодоров, со можност истата да се дополнува и надградува.
Охрид е идеален за да биде велосипедски град
Треба да се работи на дефинирање на исправна велосипедска мрежа не само низ градот туку нејзино оформување околу езерото. Во сообраќајната студија за Охрид, како најголем туристички центар во Македонија , со богато културно и природно богатство, пешакот и велосипедистот треба да бидат на прво место, сметаат стручните лица.
Единствени и одлучни за Струга
На престојните Локални избори треба да покажеме единство и одлучност, бидејќи доживуваме историски моменти за Струга, сметаат кандидатите за советници од заедничката листа на СДСМ и ВМРО- ДПМНЕ за Струга.