Кој сака, а кој не решение на спорот за името?
Грчкиот преговарач во спорот за името, Адамантиос Василакис по средбите со посредникот Метју Нимиц и македонскиот колега Зоран Јолевски, за грчките медиуми изјавил дека „Грција сака решение, но другата страна не направи ништо досега и останува на позицијата од 1995 година”.
Во летната сезона отпадот ќе се подига од 6 часот наутро
Заради зголемениот обем на работа во летниот период Ј.П.„Охридски Комуналец„-Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека почнувајќи од 01.06.2018 год. комуналниот отпад ќе се подига од 06.00 часот наутро.
Победа за Струга, само со масовна излезност
Само со масовна излезност на престојните локални избори, за победа во Струга, порача Ристе Ќушкоски носителот на заедничката советничка листа на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ од Струга.
Основачко собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт
Денеска во просториите на Општина Охрид се одржа основачкото собрание на Локална акциона група, ЛАГ, – Агро концепт,на коешто присуствуваа градоначалниците на Општина Охрид и Општина Дебрца, Јован Стојаноски и Зоран Ногачески , чинители на јавниот,граѓанскиот,невладиниот и бизнис секторот.
„Macedonia has balls“
Потврден температурен рекорд на Арктикот
Верхојанск се наоѓа во источен Сибир, на околу 115 километри северно од Арктичкиот круг и таму се следат метеоролошки податоци од 1885 година. Според веб-страницата на СMO, просечните температури над Арктичкиот Сибир биле дури 10 степени над нормалата во поголемиот дел од минатото лето, што доведе до големи пожари.
Охриѓанката Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот
Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот. Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Охриѓанката Ајше сонува еден ден да работи во НАСА.
ОДЛОЖЕНА ЈАВНАТА РАСПРАВА ЗА СТУДЕНЧИШКО БЛАТО
Одложена е Јавната расправа по нацрт законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата.
Охрид станува единствен по уште едно уникатно дело
Археологот и конзерватор Никола Упевче со огромна љубов, трпение но и знаење изработи мозаик со мапа на кој е преставено старото градско јадро. Тоа не е само уметничко дело пред кое посетителите ќе се воодушевуваат туку оваа мапа е направена со таква прецизност и точност што ги опфаќа сите важни културно историски знаменитости со нивните карактеристики и скриени пораки. Тој се надева дека мозаикот ќе биде поставен на некое порепрезентативно место во градот каде ќе имаат можност да го видат и охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во Охрид.