Skip to main content
Јун 18, 2018

Во Охрид има  стагнација на  занаетчиските дејности. Покрај стандардните дејности козметичар и фризер за среќа годинава има регистрација на  два нови занаети опинчар и изработувач на тетоважи. Младите се интересираат за занаетчиски дејности но во старт се откажуваат поради високите давачки кои мора да ги плаќаат кон државата.


Сеп 14, 2021

Да се има заштитата на Унеско како светско природно и културно наследство е вистински престиж. Токму затоа Охрид треба да направи се за да го зачува статусот на Унеско, вели копретседателот на Европските зелени Томас Вајц. Мора да се изнајде начин за одржлив развој на туризмот во склад со еколошките препораки и зачувување на вредното културно и природно наследство. Првенствено мора да се расчисти во однос на дивоградбите.


Јун 15, 2018

„Спорт и култура иднината на регионот“. ЈП  „Билјанини извори“ ќе го спроведува овој проект со цел што повеќе млади луѓе да се стимулираат да спортуваат. Проектот е финансиран преку европските фондови и програмите за прекугранична соработка, а во неговите рамки во недела ќе се одржат фудбалски натпревари помеѓу екипите на ФК Скендер бег од Корча, ФК Еурофудбал од Охрид и ФК Крека Од Струга. 


Јун 14, 2018

11 Седница на Советот на Општина Охрид, помина во знакот на Предлог Одлуките за новото зонско паркирање. Советниците од опозицијата бараа одлуките да бидат повлечени од дневен ред , со образложение за подобра анализа на состојбата. Одлуките беа изгласини од  мнозинството во советот.


Ное 17, 2015

Според податоците нa Европско медитеранскиот сеизмолошки ценатр утрово во 08.10 часот регистриран е земјотрес во Грција, со јачина од 6,1 степен според Рихтер кој беше почуствуван и во Охрид.


Јун 14, 2018

Медицинскиот кадар во „Заводот за кардиоваскуларни заболувања“ во Охрид  имаше можност да следи практични предавања за нови процедури во третман на периферни артериски заболувања лично од  еден од најпознатите доктори во Европа во областа на интервентната кардиологија Д-р Ралф Ланхоф од клиниката во Берлин .


Окт 22, 2015

Листа на апликации кои најмногу ја трошат батеријата на уредот


Јун 14, 2018

Проектот NUMB Tribute to Pink Floyd ова лето ќе приреди спектакл за љубителите на  култниот рок состав. 11 музичари од Охрид и Струга на сцената на Долни Сарај ќе ги изведат најголемите хитови на оваа рок група која ваши за една од највлијателните и најуспешни групи на сите времиња.  Ветуваат спектакал кој не само што ќе се слуша туку и ќе се гледа, затоа што Пинк Флојд се повеќе од музика.


Мај 7, 2014

Опозициската СДСМ денеска не се појави во Државната изборна комисија за да ги подигне уверенијата за пратенички места.