„Мој Охрид, чист Охрид“- порака за еколошко освестување
Еколошката акција „Мој Охрид – Чист Охрид“ обедини 1200 охриѓани но и вљубеници во Охрид од други градови, во намерата да се исчисти отпадот од крајбрежјето и да се упати порака за еколошко освестување. Акцијата мотивира и многу граѓани да се самоорганизираат, па така се чистеше и во дворови на згради, училишта, станбени и деловни објекти.
Мартина Петровска, сигурно чекори кон врвот
Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учество зедоа околу 30-тина стрелци во дисциплините пушка и пиштол.
Улиците претворени во паркинг
Проширените зони на паркинзите и највата за наплата на паркинг на улици каде никогаш порано немало таква пракса, ја разбрануваа охридската јавност.
Претплатничкиот сервис на YouTube можно е да стартува оваа седмица
Официјалниот претплатнички видео сервис ќе чини околу 10 долари месечно
Градскиот хор Вокс Лихнидос се подготвува за својот годишен концерт
Звуците на Билјана платно белеше ќе се разлеат во Св. Софија. Градскиот хор Вокс Лихнидос неа и уште единаесет нумери ќе ги изведе на својот годишен концерт кој ќе се одржи наредната недела. Охридскиот градски хор постои повеќе од 60 години и работи исклучиво на ентузијазам и љубов на оние кои ја сакаат хорската музика.
Тим на ММФ во контрола за надворешната одржливост на земјата
Тим на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предводен од Ивана Владкова Хопар од денеска па сè до 19 мај ќе престојува во посета на Република Македонија со цел да ги анализираат економските параметри за надворешната одржливост на земјата, и можноста за навремено сервисирање на обврските.
Започнува „Баскерфест“
Започнува „Баскерфест“. Во овој театар на отворено кој што ќе се одвива низ охридската чаршија и градскиот плоштад ќе можат да уживаат сите кои сакаат интерактивна забава. Артисти од целиот свет ќе изведуваат перформанси од кои застанува здивот.
Денес е Летник!
Летник во Струга го слават и христијаните и муслиманите. За прв пат годинава учениците од СОУ Ибраим Темо, празникот Летник го одбележаа со низа активности, изработка на мартинки, шарање на варени јајца, а се послужи и пченка. Но и вработените се почестија со домашни специјалитети подготвени од домашната кујна. Целта е јасна, велат од таму, да се пренесе пораката, дека празниците треба да ги обединат сите.
Со новиот закон за енергетика ќе се намалат трошоците на граѓаните
Либерализацијата на пазарот со новиот Закон за енергетика ќе им стави крај на монополите а на граѓаните ќе им се намалат трошоците и ќе бидат заштитени од евентуални ценовни шокови кај електричната енергија. Ова го истакна денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на Меѓународната енергетска конференција „Македонски енергетски форум – 2018“ што денеска и утре ќе се одржува во Струга во организација на Владата на Република Македонија, АД ЕЛЕМ, Амбасадата на САД и институтот ЗИП.