Skip to main content
Јун 12, 2018

Ајше Хасан е една од најталентираните интелектуалци во светот.  Оваа матурантка од колеџот Јахја Кемал го понесе македонскиот тим на врвот со четири златни медали во четири категории на Светскиот натпревар „Талентирани интелектуалци“ што од 20 до 23 април годинава се одржа во Кембриџ, Англија. Охриѓанката Ајше сонува еден ден да работи во НАСА.


Сеп 14, 2021

Одложена е Јавната расправа по нацрт законот за прогласување на Студенчишко блато за Парк на природата.


Јун 12, 2018

Археологот и конзерватор Никола Упевче со огромна љубов, трпение но и знаење изработи  мозаик со мапа на кој е преставено старото градско јадро. Тоа не е само уметничко дело пред кое посетителите ќе се воодушевуваат туку оваа мапа е направена со таква прецизност и точност што ги опфаќа сите важни културно историски знаменитости со нивните карактеристики и скриени пораки. Тој се надева дека мозаикот ќе биде поставен на некое порепрезентативно место во градот каде ќе имаат можност да го видат и охриѓани, но и гостите кои доаѓаат во Охрид.


Јун 11, 2018

Еколошката акција „Мој Охрид – Чист Охрид“ обедини 1200 охриѓани но и вљубеници во Охрид од други градови, во намерата да се исчисти отпадот од крајбрежјето и да се упати порака за еколошко освестување. Акцијата мотивира и многу граѓани да се самоорганизираат, па така се чистеше и во дворови на згради, училишта, станбени и деловни објекти.


Ное 16, 2015

Викендов на стрелиштето во касарната во Битола се одржа четвртиот по ред Куп во гаѓање со воздушно оружје-меѓународна програма на кој учество зедоа околу 30-тина стрелци  во дисциплините пушка и пиштол.


Јун 11, 2018

Проширените зони на паркинзите и највата за наплата на паркинг на улици каде никогаш порано немало таква пракса,  ја разбрануваа охридската јавност. 


Окт 21, 2015

Официјалниот претплатнички видео сервис ќе чини околу 10 долари месечно


Јун 8, 2018

Звуците на Билјана платно белеше ќе се разлеат во Св. Софија. Градскиот хор Вокс Лихнидос неа и уште единаесет нумери ќе ги изведе на својот годишен концерт кој ќе се одржи наредната недела. Охридскиот градски хор постои повеќе од 60 години и работи исклучиво на ентузијазам и љубов на оние кои ја сакаат хорската музика.


Мај 6, 2014

Тим на Меѓународниот монетарен фонд(ММФ) предводен од Ивана Владкова Хопар од денеска па сè до 19 мај ќе престојува во посета на Република Македонија со цел да ги анализираат економските параметри за надворешната одржливост на земјата, и можноста за навремено сервисирање на обврските.