Средба на градоначалникот Стојаноски со претставници на здружението на херои на Македонија
Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со претставници на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „ Херои на Македонија 2001-2015“ . На средбата на која учесвуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Сашо Смилески, претставниците на здружението побараа вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители.
ЗАПОЧНА 12-ТАТА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА ОД ОБЛАСТА НА БЕЗБЕДНОСТА
Вчера, во Охрид започна 12-тата по ред Меѓународна конференција од областа на безбедноста, во организација на Факултетот за безбедност при Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Темата на овогoдинешната конференција е „30 години независна македонска држава“.
Ќе се спроведе ларвицидна дезинсекција против комарци
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ден 31.05. 2018год. (четврток) екипа на Центар за јавно здравје Охрид Ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
„Мој Охрид, чист Охрид“ – пример кој треба да се следи
„Мој Охрид, чист Охрид“. На 9ти јуни охриѓани ќе го чистат крајбрежниот појас од Воска до Пештани, во пресрет на главната туристичка сезона. Организаторот, менаџерот на охридското Супер радио, Сашо Митаноски повикува на масовен одзив на охриѓани бидејќи чистата животна средина е за доброто на сите нас.
Што содржи новиот Закон за заштита на приватноста?
Со новиот Закон за заштита на приватноста се утврдува заштита на приватноста на граѓаните на Република Македонија, гарантирана со Уставот и Европската конвенција за човекови права, во врска со материјалите кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации извршени во периодот од 2008 до 2015 година.
Загрижени угостителите апелираат Елем совесно да стопанисува со водостојот на Охридското езеро
Високиот водостој на Охридското езеро им прави големи штети на угостителите и жителите на крабрежјето. Подолг временски период и при мртов бран се поплавуваат терасите и се подлокува земјиштето и се нарушува стабилноста на куќите. Загрижените угостители и граѓани апелираат Елем веднаш да ги отвори испустите и да ја почитува законски пропишаната висина на квотата на водостојот.
Шест професии кои во блиска иднина ќе исчезнат
Со модерната технологија сѐ повеќе изумираат некои професии
Незаборавен концерт на Горан Трајковски во Охрид
Бројни охриѓани, но и гости од земјава и странство синоќа уживаа во концертот на неповторливиот Горан Трајкоски, што се одржа на градскиот плоштад во Охрид. На концертот беа изведени дела од неговиот најнов проект „Тешкиот глас на новите химни“.
Денеска се празнува Св.Ѓорѓи Победоносец-Ѓурѓовден
Тој се вбројува меѓу поголемите пролетни празници што го празнува не само христијанското, туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.