„Парче душа“ за охриѓани
Во четврток на 12-ти ноември 2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведен поетскиот проект „Парче душа“ од Љупчо Тодоровски-Упа, во музичка придружба на Фредерик Деларуа.
Влезот на Охрид од сеуште не е уреден
Влезот на Охрид од северозападната страна и покрај ветувањата сеуште не е уреден. Од ЈП „Охридски Комуналец“ велат дека тендерот кој бил распишан за систем за наводнување на овој простор, пропаднал. Ќе се распишува нов тендер, па уредувањето ќе сепролонгира до наредната туристичка сезона.
Се воведува најдолгиот лет на светот
Авионот во еден потег ќе прелета една третина од кругот околу земјата
Фотовалтна централа ќе гради ЈП „Градски Гробишта“
ЈП „Градски Гробишта“, ќе остварува дополнителни приходи со изградба на фотовалтична централа со капацитет од 400 киловати. Таа ќе се гради на паркингот на Јавното претпријатие, открива директорот Ванчо Костоски. Со реализација на вакви проекти и со домаќинско работење, раководството смета дека Јавно претпријатие за една година ќе се опорави од големиот наследен долг.
На полноќ поскапуваат бензините и дизелот
Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините и дизелот ќе се зголемат за половина денар.
Се асфалтираат неколку улици
Активностите за санација и реставрација на улиците низ градот продолжуваат.
Ништо од старата струшка архитектура
Напрсти можат да се избројат старите струшки куќи кои подлежат на заштита. Од НУ Музеј „Др Никола Незлобински“, информираат дека врзани им биле рацете да го спасат и она малку што е останато од автентичните градби, бидејќи друга установа е надлежна за тоа.
Туристички работници од Јапонија во посета на општина Охрид
Градоначалникот , Јован Стојаноски заедно со раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој , Ѓоко Апостолоски денес прими делегација од Јапонија предводена од Заменик директорот на Асоцијацијата на туристички агенции Акихико Косагаи и претставници на меѓународни воздушни превозници.