Санкционирани пешаци во Охрид поради небезбедно преминување улица
На 10-ти септември 2021 година, во периодот од 10:00 до 15:00 часот, при извршени сообраќајни контроли, полициските службеници регистрираа и санкционираа 50 пешаци при небезбедно преминување улица односно преминување коловоз надвор од пешачки премин (Охрид 16, Струга 9, Кичево 23 и Дебар 2).
Дечињата од социјално загрозените семејства на бесплатно летување
Охридските дечиња од семејствата кои примаат социјална помош, како и дечињата со посебни потреби од утре заминуваат на бесплатно летување.
Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите
Неадекватната едукација за имунизацијата е причина за поделеност на родителите, оние кои се за и против вакцинација, тврдат епидемиолозите. Тоа посебно било изразено кај помладите родители кои повеќе верувале на интернетот, отколку на стручните лица кои изнесуваат факти од науката.
Непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа
Непотизмот во редовите на СДСМ и во раководењето со Локалната самоуправа тема на денешната пресс конференција на ОК НА ВМРО ДПМНЕ. Наведени беа конкретни примери каде има појава на непотизам
„Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите
Двојно ќе се намали цената за нивелирање на гробните места во Охрид. Директорот на ЈП „Градски Гробишта“ смета дека тоа е од обостран интерес и за ЈП, но и за корисниците на услугите, така што ЈП ќе добие повеќе работа, а корисниците ќе заштедат добар дел средства кои досега ги даваа за оваа намена.
Гостите од корпорацијата „Сахара Груп“, фасцинирани од Охрид и Македонија
Тим од корпорацијата од вчера детално ги испитува потенцијалите кои ги нуди нашата земја.
Започна Скопскиот џез фестивал
Тврд но богат звук со емоции, за почетокот на 34 издание на „ Скопје Џез Фестивал“.
Српската ловечка кујна во Охрид
Гастрономска размена меѓу Охрид и Белград, интересен начин за промоција на турзимот.
ЗГ„Совест“ одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија
Здружението на граѓани Совест одржа јавна трибина за градежните зафати врз Али пашината џамија. Граѓаните дебатираа и побараа институциите да ги почитуваат законите. Потсетија дека охриѓани се за соживот со сите сограѓани и бараат презентација на сите слоеви на културното наследство што се на просторот на Али пашината џамија, и на црквата и на ранохристиајнската базилика. За овој едногодишен проблем го информирале и комитетот на Унеско во Париз.