Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“
Улицата „Карпош Војвода“, небезбедна. Ваква е констатацијата на група родители од оваа улица, кои реагираат дека се вози непрописно и брзо и лесно може да дојде до незгода и прегазување на пешаци а посебно стравуваат за децата.
Денот на планетата Земја
Денот на Планетата Земја за прв пат почна да се одбележува во 1970 година, од кога, според екологистите, се бележи огромен напредок во решавањето на еколошките проблеми.
Започна уривањето на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца
Градежниот инспекторат започна со уривањето на дивоградбата „ИВИРЕ“ во Трпејца.
Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“
Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“. ОУ „Григор Прличев“ Охрид е носител на овој проект чијашто основна цел е децата од 5 до 10 годишна возраст освен со мајчиниот јазик да се стекнат со знаења на уште 5 јазици, Албански, Турски, Ромски, Англиски и Германски.
Еднаков третман за сите учесници на „Охридско лето“
Исти услови и соодветен третман достоен на реномето на манифестацијата, за сите ученсици на фестивалот „Охридско лето“.
Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга
Клуч на врата на канцеларијата на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот во Струга. Вработените не ќе можат веќе да го користат канцеларискиот простор во кој беа сместени досега. Тие од в понеделник не знаат каде ќе ги извршуваат своите работни задачи.
Локалната им должи на советниците
Советниците нестрпливо ги чекаат парите за неисплатените паушали. Пари има, ама се заглавени во УЈП, велат локалците
ЕД Грашница со алтернатива: Да се засили селектирање и рециклирање на отпад наместо изградба на депонии
Еколозите од Грашница се против изградба на регионална депонија во Дебрца или на било која друга локација. Нивниот предлог е селектирање и рециклирање на отпадот. Сугерираат да се искористат пари не само од европските фондови туку и средства за заштита на Дримскиот басен преку изработка на еколошки проекти.
Тропските горештини и во Охрид
Зголемен и бројот на повиците во одделението за итна медицинска помош во нашиов град. Лекарите со предупредување до сите, да не се изложуваат на сонце во периодот од 11-16 часот.