Децата желни по школите за пливање
Децата Бајрам, Амет и Наум ги најдовме во водите на базенот како се разладуваат во топлото јулско претпладне.
Терористички напад во центарот на Анкара
Најмалку 20 загинати и повеќе од десет повредени во две експлозии во Анкара
Турски фирми најавуваат инвестиции во Охрид
Претставниците од двете стопански комори, денес овозможија средба очи в очи помеѓу македонски и турски компании.
И оваа сезона улицата „Македонија“ ќе биде сообраќајница
И оваа сезона улицата „Кеј Македонија“ ќе биде сообраќајница. Охридски тим од Секторот за урбанизам, составен од Лилјана Јоноска и Билјана Ангелоска работат на проект „Нови хоризонти преку унапредена пешачка зона“, кој се однесува на адаптирање на улица „Македонија“ во пешачка зона.
Без договор нема поставување урбана опрема, тврдат од Локалната
Дел од граѓаните имаат дозвола за поставување фрижидери, за продажба на книги,слики и сувенири. За оние кои сакаат да поминат на мала врата ќе следуваат санкции
Колку постаро возило, толку поскапа регистрација
Со предлог измените во Законот за животна средина се предвидува нов начин на плаќање на давачката за регистрација на возилата. „При определувањето на висината на надоместокот ќе се земе предвид негативното влијание што го предизвикува возилото врз животната средина во однос на видот на горивото што се користи во возилото и неговата старост“, се вели во предлог законот за изменување и за дополнување на Законот за животна средина.
Пријави за загадувачите на езерото
Со несовесните загадувачи на езерото се справуваат и Општинскиот инспекторат и Државниот инспектор за животна средина.
Охрид одбележува 140 години од раѓањето на војводата Христо Узунов
Денес општина Охрид одбележува 140 години од раѓањето и годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов. Одбележувањето на овој настан е проследен со низа активности поврзани со животот и делото на охридскиот револуционер.
На дневен ред советнички прашања
Советниците прашуваа се што ги интересираше.