Skip to main content
Мај 2, 2024
УХМР

Променливо облачно со услови за дожд

Максималната температура денеска ќе достигне до 20 степени.

Мај 1, 2024
Парламентарни избори 2024

Носителот на листа во 5 ИЕ од Коалицијата Храбро за Македонија, Самка Ибраимоски на средби со охриѓани

Подобар животен стандард за работниците измени во законот за социјална заштита и воведување на минимална пензија во износ од 25 000 денари, вети денес носителот на 5 ИЕ Самка Ибраимоски од коалицијата Храбро за Македонија.

Мај 1, 2024
Парламентарни избори 2024

Партијата Родина во Охрид ги промовираше програмските цели со кои настапува на парламентарните избори

Носителот на кандидатската листа за пратеници во петатта изборна единица од политичката партија Родина, Маријан Гацевски денеска во Охрид на непосреди средби со граѓаните ги претставуваше програмските цели со кои оваа опција настапува на изборите. Наша главна определба е враќање на името на државата, истакна Гацевски.

Мај 1, 2024
Парламентарни избори 2024

Апасиев од Охрид: Македонска платформа за да запре уценувањето при составување Влада од страна на албанското малцинство

Платформата која ја застапува Левица е Македонска платформа со цел конечно да запре уценувањето при составување Влада од страна на албанското малцинство, кажа претседателот на партијата Димитар Апасиев на народниот собир во Охрид. Ностелката на листа во петтата изборна единица Јована Мојсоска истакна дека досега со двајца пратеници покажале како се води вистинска левичарска опција за разлика од социјалдемократите кои ги распродале сите асномски идеали.

Мај 1, 2024
Центар за управување со кризи

ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено

Граѓаните да бидат одговорни и внимателни доколку го прославуваат празникот на трудот со подготвување скара во природа и на излетнички места.

Мај 1, 2024
1 Maj Ден на трудот

Првомајски протест за поголема плата и права на работниците

Први Мај – меѓународниот ден на трудот е интернационален симбол на работничкото движење кој традиционално секоја година се одбележува, а носител на таа традиција е ССМ како најстар и најброен синдикат во државата.

Апр 30, 2024

Охриѓани и гостите во голем број го посетија Велигденскиот базар, уживаа во концерт и ја покажаа својата хуманост

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, традиционално и денеска на плоштадот „Крушевска република“ се одржа Велигденски базар. Манифестацијата веќе седма година е промотор на ракотворбите изработени од вредните раце на охридските ученици и вработени во охридските компании. Денес беа изложени велигденски украси, сувенири и традиционални македонски специјалитети, а дел од собраните средства ќе бидат донирани во хумани цели.

Апр 30, 2024
СВР Охрид

Приведен 29 годишен охриѓанец под сомнение дека нападнал 71 годишен сограѓанин

По целосно расветлување на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Апр 30, 2024
СВР Охрид

Засилени сообраќајни контроли, санкционирани мотоциклисти

Во наредниов период, полициските службеници ќе ги интензивираат контролите на моторциклистите со цел, доследно почитување на законската обврска за користење заштитна кацига и друга заштитна опрема .