Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници
Православните верници се подготвуваат за Велигденските празници. Неизбежен дел од празнувањето е и богатата трпеза на која се собира семејството на свечен ручек. Граѓаните кои сакаат да се гостат со јагнешкото месо од својот буџет ќе треба да издвојат околу 300 денари за килограм, а и зеленчукот и овошјето не се ефтини.
Детските игралишта се почесто мета на вандалски чинови
Последна мета беше неодамна изграденото игралиште во населбата „Гоце Делчев“.
Преку детска игра до хуманост
Младите охриѓани ја покажаа својата хуманост. Тие преку игра и забава им овозможија на децата од социјално загрозените семејства посреќно детство
Прекрасна атмосфера на отворањето на летниот фудбалски турнир за деца
Сончево време до сабота, од недела повторно заладување
Од утре попладне до сабота ќе преовладува сончево време со повисоки дневни температури. Од недела облачноста ќе се зголеми, а локални врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне и во вторник, кога ќе има и заладување, најавуваат од УХМР.
Што со џамијата Мустафа Челеби?
Стопирани активностите за рушење на дел од 6 века старата струшка џамија Мустафа Челеби. Допрва ќе се кршат копјата околу тоа дали рушењето е бесправно како што тврдат од Завод и музеј Охрид.
Започна санацијата на ударните дупки
По завршувањето на тендерската постапка и вчерашното потпишување на договорот со фирмата- изведувач, денеска започна санирањето на ударните дупки на охридските улици.
Спасители, лекар и психолог на охридските плажи
Охридските плажи ова лето ќе бидат побезбедни, ова го ветуваат од општинскиот Црвен крст кој се максимално подготвени да стартуваат во оваа туристичка сезона.
Се одложува „Крик за љубов“ поради тридневната жалост за жртвите во Тетово
Поради прогласената тридневна жалост, во знак на почит кон жртвите од пожарот во Тетово, се одложува претставата „Крик за љубов“. Истата е презакажана за 16.09.2021 (четврток).