13 кривични, оштетена Општина Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава , против 13 лица, за повеќе сторени кривични дела, со кои, оштетена е општината Охрид.
Кинезите сакаат да ја посетат Македонија
Кинезите сакаат да ја посетат Македонија, посебно Скопје и Охрид, но имаат проблем со визите. Агенциите во државава кои се занимаваат со рецептивен туризам се залагаат преку надлежните институции да го решат овој проблем. Доколку се спуштата визите тогаш бројот на азиски гости многу ќе се зголеми, а и ќе се продолжи и туристичката сезона.
Македонските политичари и ЕУ
Експертите од Центарот за европски студии велат дека теоријата сме ја совладале, но дека на праксата уште треба да се работи.
Работничките права-најподложни на непочитување
Од најосновните, до најкомплексните права, граѓаните почесто се жалат до невладините организации, отколку до надлежните институции, вели Драгица Попоска од невладината „Езерка“ од Струга.
ФТУ со американски искуства до подобри предавања
Фокусот го ставиле врз културниот диверзитет и неговото разбирање, но и неговата примена во споменатите области.
Борис Стојоски 76 пати ја дарувал својата скапоцена течност
Општинската организација на Црвениот крст го одбележа денот на крводарителството на Република Македонија. Тие и оваа година го реализираа планот на крводарителни акции, а радува фактот што се поголем број крводарители се млади луѓе. Беа доделени признанија на заслужни крводарители, поединци, фирми и институции кои помогнале во развојот и унапредување на крводарителството.
Новиот бран на ВМРО – ДПМНЕ ќе го заплисне и Охрид
Пратениците од Охрид, Александар Николовски и Харалампие Шокаровски викендов во родниот град. Дали се тука да отворат пенџере и да проветрат?
Нова пракса
Народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, еднаш неделно ќе ги посетуваат институциите кои се под капа на Собранието на Р.Македонија.