Мар 1, 2025
ШК Ласкер Охрид
Одиграно првото коло од Пионерска лига Охрид 2025 во шах
Вчера, во ООУ Братство Единство Охрид, се одигра првото коло од Пионерската лига Охрид 2025 во шах, во организација на ШК Ласкер Охрид и Сојузот на училишни спортови Охрид.
Мар 1, 2025
Денеска започнуваат Рамазанските пости
За верниците од муслиманска вероисповед денес започнува светиот месец Рамазан.
Мар 1, 2025
Светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан
Светите Дванаесет маченици кои пострадаа во времето на Диоклецијан: Маченици Памфил презвитер, Валент (Валент) ѓакон, Павел, Порфириј, Селевкиј, Теодул, Јулијан, Самуил, Илија, Даниил, Јеремиј, Исаија (307-309)
Мар 1, 2025
УХМР
Денеска времето променливо облачно и релативно топло
Денешните температури ќе бидат во интервал од 4 до 12 степени Целзиусови.
Фев 28, 2025
општина охрид
150 години од раѓањето на Кирил Прличев
Со свечен настан што се одржа во спомен куќата на Христо Узунов, денес Општина Охрид ја одбележа 150 годишнината од раѓањето на Кирил, синот на Григор Прличев, познат македонски револуционер, публицист, новинар, идеолог и учител.
Фев 28, 2025
Охриѓани дишат загаден воздух, неопходно е креирање мерки соодветни на состојбата и нивно доследно спроведување
Охриѓани дишат најзагаден воздух во државата и неопходно е креирање мерки соодветни на состојбата и нивно доследно спроведување, кажа советничката од СДСМ Живка Ангелоска на денешната седница на Совет на која се разгледуваше извештајот за реализацијата на Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух. Ангелоска повика да не се усвојува Извештајот, не од политички причини, туку во насока на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Од Одделението за животна средина кажаа дека мерките се креирани во соработка со Министерството за животна средина и се скоро исти за сите општини во државата.
Фев 28, 2025
Охрид конечно ќе добие Дневен центар за пензионери
Општината има намера истиот да го смести во деловен простор кој ќе го купи во извршна постапка. Поради неможност за наплата на побарување од должник, општината ќе се стекне со имот чија купопродажната цена пола ќе ја плати а пола ќе ја пребие од побарувањето. Ова е прв случај единица на локлана самоуправа да купува деловен простор врз основ од законот за извршување.
Фев 28, 2025
општина охрид
Покана за јавна дебата во врска со развојните цели на Општина Охрид
Јвната дебата на која ќе бидат определени приоритетните области за следниот јавен повик ќе се одржи во среда (5ти март) почнеток 12 часот и 30 минути во мала сала на Општина Охрид.
Фев 28, 2025
општина охрид
Јавен повик за прибирање на предлог идеи-проекти од областа на еднаквите можности на жените и мажите
Финансирањето на избраните предлог идеи-пеоекти ќе се врши преку Програмата за еднакви можности на жените и мажите на општина Охрид за 2025 година.