Ј.П.„Биљанини извори“, времено ќе стопанисува со јавните паркинг простори
Боро Шајн, директорот на ова претпријатие се надева дека со средстватa собрани од стопанисувањето со паркинзите, за една година претпријатието ќе може самостојно да работи.
Се крчкаат предлог измени во Законите за угостителска и туристичка дејност
Во министерството за економија се крчкаат предлог измени во Законите за угостителска и туристичка дејност. Локалната самоуправа преку Тлер организираше средба со туристичките агенции и водичи за да се најдат соодветни решенија за намалување на проблемите. Туристичките субјекти од оваа бранша побараа нова средба за да ги разгледаат измените и да достават свои квалитетни предлози за решавање на досегашните слабости.
Во каналот „Студенчишта“, повторно помор на плашица
Причина за поморот на плашицата во каналот е ниското ниво на кислород во водата.
Протести пред општинската зграда во Струга
Родителите и децата од Подгорци бараат во Подгорци да се формираат паралелки на албански јазик.
„Анонимусите“ од Гимназија трето место на карневалот во Прилеп
Учениците од Општинското срдно училиште Св. Климент Охридски уште еднаш покажаа дека се уникатни и единствени.
Фатен разбојникот кој ограбуваше банки и казино
Со парите в раце фатен е разбојникот кој ограби 5 филијали на банки и едно казино. Од страна на полицијата во Кичево откако претходно изврши грабеж во експозитурата на „Шпаркасе банка“ во Кичево вчера е уапсен 34 годишниот Ч.Д. од струшкото село Ливада. Тој доби три кривични пријави поради основано сомнение дека е сторител на шест разбојништва во Охрид, Струга и Кичево.
Угинатата плашица не се продава на градскиот пазар
ТВМ се обиде да дознае каде завршува изловената, угината плашица од каналот.
Македонија и Охрид на саeм за туризам во Белград
Општина Охрид, својата туристичка понуда ја претстави на еден поинаков начин, преку непосредни контакти со истакнати личности од културниот и економскиот живот, како и преку промоција во медиумите во Србија.