Skip to main content
Фев 20, 2012

 

Високи казни, но сепак слаба можност за имплементација на Законот за домување. Економската моќ на станарите е премногу слаба за реализација на истиот.


Апр 1, 2014

Македонскиот пијанист Крсте Бадаровски влезе во финалето на натпреварот „Пијанист на годината“, што се одржа во хотелот Босколо во Прага на 30 март 2014 година.


Фев 20, 2012

 

Започнаа градежните активности за изградба на куќата на Ајри Доко. Овој објект кој е под заштита на Завод и музеј мораше да се сруши до темел, затоа што при изградба на соседниот објект пред две години, дојде до сериозни оштетувања на куќата на Доко. „Најголеми беа оштетувањата во темелните парти, што допринесе до пореметување на целата конструкција на објектот“, истакна директорката на Заводот за заштита на спомениците на културата, Тања Паскали Бунташеска.


Фев 3, 2018

 Македонскиот министер Спасовски и Џафај неговиот колега од Албанија потпишаа меморандум за  соработка во борбата против тероризмот. Разговараа и за други   заеднички проекти со  кои уште повеќе ќе ги зацврстуваат воспоставените  добрососедски односи. Иницијативите за кои има согласност од двете страни ќе служат за подобар проток на луѓе и стоки меѓу двете соседни земји.  


Фев 20, 2012

 

Во водите на Охридското Езеро, во близина  на кејот,   викендов е забележана маслена дамка. Дамката била со мала густина, во радиус од 100 метра и се протегала на потегот од хотел Палас до споменикот на Св. Кирил и Методиј.


Ное 8, 2012

Одбележан денот на ослободувањето на Струга. Во организација на Општинската организација на Сојузот на струшките борци, денес, пред бистите на паднатите борци во НОБ, како и пред споменикот на револуцијата беше положено свежо цвеќе. Во одбележувањето се вклучија и најмладите, децата од предучилишна возраст.


Фев 18, 2012

„Многу работи кои ги кажа директорот на ЈП Охридски Комуналец се ноторна лага, невистина, клевета, елементарно непознавање и треба да ги дообјасниме“, истакна директот на Центарот за јавно здравје, Атансако Михаилов. Тој додаде дека пресс конференцијата во Комуналец била со цел замајување на јавноста и префрлување на вниманито на јавноста на друга страна, поради поскапувањето на цената на комуналните услуги и субвенциите од 14 милиони денари кои што ги доби ЈП, но дека сето ова нема ништо заедничко со Центарот за јавно здравје.


Фев 3, 2018

И на паркинзите во Охрид конечно ќе се воведе смс систем на наплата. Локалната веќе изготвува студија за спроведување на ваков систем, а набрзо ќе биде распишан и тендер за набавка. Во градов засега не е предвидено да се направат нови паркинзи иако потреба за тоа има постојано.


Фев 18, 2012

Охридските галеристи се чувствуваат привилегирано  во опкружувањето со уметнички слики и во  споделувањето на  синергијата помеѓу сликарите и конзументите на уметноста.