Skip to main content
Фев 16, 2012

Директорот на Центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов, во одбрана на својата институција. Тој бара јавно извинување од директорот на ЈП „Охридски Комуналец“, Сашо Алче, поради изјавите кои тој ги даде во врска неадекватното одлагање на медицинскиот отпад.


Јун 8, 2015

Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 4 до 7 овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска  асоцијација (ЕФА) што се одржува во чешкиот град  Острава.


Фев 16, 2012

Од МЈП Проаква ги известуваат корисниците дека согласно законските прописи започнаа со постапката за наплата на надоместот за потрошена вода преку нотарите и извршителите.


Фев 1, 2018

Денес истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско. Владата побарала пролонгирање на рокот заради политчките случувања во земјава. Неформалнатa прaтеничка група „ Пријатели на Охрид“ информираат дека во меѓувреме се стопирани проектите кои го загрозувале статусот на Охрид како град под заштита на Унеско. Од НВО ФРонт 21 /41 обвинуваат дека владата потфрлила.


Фев 16, 2012

Охриѓани се повеќе заинтересирани за започнување  сопствен бизнис. Триесетина невработени апликанти, веќе дел од проектот „Самовработување од идеја до бизнис“. Сега уште една можност за самовработување и тоа преку проектот на Агенцијата за вработување, овојпат со кредитирање.


Апр 1, 2014

По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.


Фев 16, 2012

Денес заврши заедничката кампања на министерствата за здравство и образование „Да се бориме заедно против ракот на грлото на матката“, односно кампањата за бесплатна вакцинација на девојчињата против ХПВ вирусот.


Фев 1, 2018

Во општинската администрација нема нова  систематизација на работни места туку само нова  реорганизација. Од досегашните 12 се споени во 9 сектори и 4 одделенија.  За оваа година во општинската администрација не се планирани нови вработувања. 


Фев 15, 2012

Директорот на оваа национална установа Васко Василески поради завршување на договорите на досегашните уметнички селектори, донесе решенија со кои именува нови селектори.