МЈП Проаква ќе ги исклучува должниците
Истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско
Денес истече рокот на Владата за поднесување извештај по преземените препораки од Мониторинг комисијата на Унеско. Владата побарала пролонгирање на рокот заради политчките случувања во земјава. Неформалнатa прaтеничка група „ Пријатели на Охрид“ информираат дека во меѓувреме се стопирани проектите кои го загрозувале статусот на Охрид како град под заштита на Унеско. Од НВО ФРонт 21 /41 обвинуваат дека владата потфрлила.
Сопствен бизнис за излез од безработицата
Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица, отврен за сообраќај
По неколку месечна забрана отворен, патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево, за сообраќај на сите возила.
Заврши кампањата за вакцинација против ХПВ вирусот
Во општинската администрација нема нова систематизација на работни места
Во општинската администрација нема нова систематизација на работни места туку само нова реорганизација. Од досегашните 12 се споени во 9 сектори и 4 одделенија. За оваа година во општинската администрација не се планирани нови вработувања.
Нови уметнички селектори на Охридско лето
Дали ќе има интерпелација за претседателот на струшкиот совет?
Се ниша ли фотељата на претседателот на Советот на општина Струга? ОК на ВМРО – ДПМНЕ ќе ја преиспитува подршката што му ја дале на претседавачот на струшкиот совет, посебно поради неговиот однос на последната седница, кога дозволил, спротивно на деловникот за работа, седницата да биде прекината на сред поединечно гласање.