Skip to main content
Јан 31, 2025
Во Охрид скоро и да нема улица на која не се гради објект. За време на градежните работи се отежнува нормалното функционирање на граѓаните затоа што несовесни изведувачи не се придржуваат до прописити кои ги носи општината, реагира опозицијата во градскиот совет. Според нив најгорлив проблем е што оштетените тротоари и сообраќјаници по завршување на градбата не се враќаат во првобитна состојба. Од локалната пак, тврдат дека редовно се врши инспекциски надзор над изградбата на објекти.

Јан 31, 2025
Расте бројот на пациенти со ретки болести. 80% од нив се деца, за поголемиот дел нема лек, а за оние кои има терапија чекаат премногу долго да влезат во Програма. Редовно доцни и набавката на лекови за ретките болести.

Јан 31, 2025
Црвен крст Охрид
Утре предавање за ендокринологијата и дилемите и проблемите кои постојат кај општата популација, децата и младите, поврзани со вишок на килограми, дисбаланс на метаболизмот, нивото на шеќер во крвта, тегоби со штитната жлезда.

Јан 31, 2025
По кратко боледување, денеска во Скопје, на 42-годишна возраст, почина новинарот Ѓорѓи Томиќ.

Јан 31, 2025
Повици за протест се и со барање да се подигне безбедноста во сообраќајот, но и одговорност за судијата кој му го укинал притворот на 20-годишниот возач Васил Јованов, кога го осудил за поседување на дрога.

Јан 31, 2025
Министерството за образование и наука (МОН) ги информира студентите дека рокот за аплицирање за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година трае од 1 до 5 февруари 2025 година.

Јан 31, 2025
општина охрид
Општина Охрид ќе доделува стипендии на лица со ретки болести и посебни потреби запишани на магистерски и докторски студии.

Јан 31, 2025
општина охрид
Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Охридските писатели во книжевната критика“, што ја приредија авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

Јан 31, 2025
православен календар
Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.