Skip to main content
Фев 6, 2012

Со полагање на ловоров венец и свежо цвеќе на бистата на Прличев, како и читање на првонаградените литературни творби започна прославата по повод патронатот.


Дек 11, 2019

Градоначалникот Константин Георгиески и претседателот на ФФМ Муамед Сејдини, денес, потпишаа меморандум за соработка. Во рамки на меморандумот е опфатен проектот за изградба на новата трибина на стадионот „Билјанини извори“.


Фев 6, 2012

Низа свечености во чест на Великанот на нашата литература – Григор Прличев. 5 ти и 6 ти февруари охриѓани ги одбележуваат „Прличевите Беседи“.
За Григор Прличев денеска во името на Друштвто на писателите на Македонија, писателот и општествен деец Видое Видически одржа пригодна реч во која истакна дека големите луѓе се раѓаат, живеат и творат во исклучително тешки времиња.


Јан 26, 2018

Поддршка од УНИЦЕФ за отворање на Центри за ран детски развој во партнерство со општините. Охридската градинка веќе аплицираше за овој проект, и доби средства од УНИЦЕФ, за отворање на еден ваков Центар во населбата Рача. Во рамки на партнерството, УНИЦЕФ ги покрива иницијалните трошоци, реновирање на просторот, мебел, материјали, играчки, дидактички средства и обука за едукаторот.


Фев 6, 2012

Додека во соседните држави владее вонредна состојба, Македонија засега се справува со снегот. Во нашиот град денес, релативно нормални температури за овој период. Од „Мекедонски шуми“ велат, и покрај зголемената побарувачка поради ниските температури, огревно дрво има доволно.


Јан 25, 2018


Продавачите на зелените пазари ќе работат со лиценци. Дозволите за работа ќе ги издава Комората  на пазарџии.  Овие измени за трговија на зелените пазари стапија на сила од првата половина на овој месец.


Фев 6, 2012

Претставници на Општина Охрид, Кујтим Усеини член на општинскиот совет и Илкер Мустафа од секторот за туризам и ЛЕР остварија посета на збратимените градови Сафранболу и Јалова во Турција.


Сеп 20, 2015

Бродот Eclipse во сопственост на Абрамович собира 750 тони гориво


Фев 4, 2012

Министeрот за здравство Никола Тодоров ќе го реанимира македонското здравство. Најавува крупни промени кои значајно ќе влијаат во услугите кои им се пружаат на граѓаните. Во стартот на овие зафати, министерот најави проект за набавка на современи амбулантни возила.