Јан 30, 2025
Ќе се поставуваат полуподземни контејнери на локации кои се критични во поглед на управување со отпадот
Дневниот ред на денешната седница беше надополнет со измени на програми и алокација на буџетски средства со цел набавка на полуподземни контејнери со кои ќе се решава проблемот со управување со отпадот на неколку локации во градот.
Јан 30, 2025
Почина работник на автопатот во изградба Кичево – Охрид
На 29-ти јануари 2025 во 13:20 часот во ОВР Кичево е пријавено дека 51 годишно лице од Кичево, при извршување работни задачи на дел од автопатот Кичево-Охрид, кој е во изградба, паднал и починал.
Јан 30, 2025
Жестока дискусија за планот за вработувања во општинската администрација
Мнозинството во градскиот совет на денешната седница изгласа измени на Планот за вработување во општина Охрид за 2025година кои предвидуваат 8 унапредувања и 13 нови вработувања. Опозицијата обвини дека власта не е сериозна во однос на намалување на превработеноста во општинската администрација. Од локалната власт пак тврдат дека на крај на мандатот бројот на вработени ќе биде ист како тој што го затекнале. Вработувањата во општинската администрација како секогаш и на денешната седница беа причина за жестока дискусија и политички препукувања од советничката говорница.
Јан 30, 2025
Се судрија патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон, се трага по преживеани
Вчера, авион со 64 патници се урнал во реката Потомак во близина на Националниот аеродром Реган во Вашингтон после судар со воен хеликоптер во кој имало тројца војници.
Јан 30, 2025
мвр
20 годишен возач прегазил 22 годишна девојка во Скопје
Тешката сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20 годишно лице од Скопје, удрил во 22 годишна девојка пешак исто од Скопје.
Јан 30, 2025
Давид Велковски како бодовен судија ќе ја дели правдата на Европското првенство во Талин, Естонија
Давид Велковски во име на М.Т.Т.Ф ќе биде бодовен судија и ќе ја дели правдата на Европското првенство во Талин, Естонија.
Јан 30, 2025
Преподобен Антониј Велики
Иако беше некнижевен, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше свети Атанасиј Велики. Кога некои елински философи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“
Јан 30, 2025
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Денес температурите во Охрид во интервал од 6 до 10 степени Целзиусови.
Јан 29, 2025
Утре советниците ќе одлучуваат Домот на културата во „Кошишта“ да го носи името на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде
Познатиот професор по виолина Методија Бараковски – Менде и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, почина минатата седмица во 82-та година од животот. Бараковски беше еден од најистакнатите дејци од културниот и музичкиот живот во Охрид кој целиот свој работен век го посвети на најмладите таленти во Охрид.