Skip to main content
Јан 24, 2012

Владата сеуште нема објавено тендер за концесија, иако донесе ваква одлука пред еден месец. По седум години мораториум на Охридското езеро, ова е решението за да се зачува  рибниот фонд од понатамошно нелегално  ловење.


Сеп 17, 2015

Звучи како научна фантастика но за слушање музика нема да има потреба од ушите


Јан 24, 2012

Охридските советници во петок ќе ги засукаат ракавите. Дневниот ред иако сиромашен, точките кои се најдоа таму се од исклучително значење за Охриѓани. Свое место таму како што беше ветено пронајде и контроверзната точка за изменување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за гробарина.


Јан 17, 2018

Потребно е формирање на Министерство за иселеништво затоа што процесот на иселување од Македонија кој започна на почетокот на минатиот век нема да запре, сметаат универзитетски професори. Засега во владата ќе се формира меѓуресорна група на министерствата за надворешни и внатрешни работи за прашањата поврзани со потребите на иселениците. Дијаспората е тема на меѓународната конференција „Охрид Водици 2018 година“ која се одржува во Охрид.


Јан 24, 2012

Стручниот тим кој работи во Подрачното одделение на Државниот архив во Охрид, е од голема помош за граѓаните. Најголем проблем со кој се соочуваат, потребата од стручен кадар.


Мај 20, 2015

Македонскиот претставник на Евровизија, Даниел Kајмакоски не успеа да се пласира во евровизиското финале.


Јан 23, 2012

Студениот бран кој ја зафати Македонија, предизвика проблеми во одржување на водоводниот систем. Од ЈП Нискоградба велат дека најмногу проблеми имало во водоводниот систем во зградите бидејќи истите не биле соодветно изолирани.


Јан 17, 2018

За зголемување на бројот на туристите на охридско- струшката ривиера хотелиерите очекуваат поддршка од Локалната самоуправа. Нивните барања ги доставиле до владата и охридскиот градоначалник. Со локалната самоуправа договориле заеднички настап на Белградскиот туристички саем кој треба да се одржи во февруари.


Јан 23, 2012

Традиционалниот вештачки мрест на охридската пастрмка доцни два дена. Од хидробилошкиот институт се подготвени за мрестот, само велат ја чекаат дозволата од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.