Skip to main content
Јан 4, 2012

Охриѓанецот Гоце Мојсоски кој на светскиот избор за  мистер на убавина, го претставуваше Охрид и Македонија, подготви Новогодишно изненадување за охриѓани. Побликува хуманитарен календар, со што ја покажа својата хуманост на дело. Идејата ми беше да допринесам во собирање на средства, а со тоа да им помогнам на луѓето за празнициве да си поминат убаво, вели Мојсоски.


Јан 5, 2018

Одржана четвртата годишна ревија на настани и доделувањето на признанијата на најдобрите приказни во 2017 година во организација на интернет порталот OhridNews. Во годишната ревија на настани хронолошки се поместени над 10 000 најзначјните збиднувања во Охрид во 2017 година. На најуспешните им беа доделени и награди.


Јан 4, 2012

Намалувањата на синдикалните права се повеќе ги загрижува работниците. Затоа ССМ пред Владата веќе достави повеќе предлози и мислења околу Предлог измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност.


Сеп 3, 2021

Центарот за управување со кризи утринава информира дека сеуште е активен пожарот на Галичица.


Дек 31, 2011

400 новогодишни пакетчиња за децата од социјалната категорија. Денес охридските советници, на оваа ранлива група, ја честитаа Новата година во општинската сала. Задоволни сите заминаа со полни а некои и со преполни раце новогодишни пакетчиња.


Јан 5, 2018

Проектот за изградба на паркиралиште за пловните објекти, марина, сеуште само на хартија. Реализацијата на овој проект закочи поради скапата инвестиција и изборот на најсоодветна локација.


Дек 31, 2011

СВР Охрид годината ја завршува со позитивен биланс во свкупното работење. Ова се однесува во сите сегменти во работењето на полицијата како и во делот на сведување на минимум на казнените дела, вели портпаролот на СВР Стафан Димоски.


Јан 4, 2018

 Семејството Арнаудови  доделува приватна стипендија за охридските студенти кои покажале врвни резулати по предметот анатомија.  Намера на семејството е стипендијата да прерасне во Фондација „ Д-р Благој Арнаудов “во чест на нивниот предок, кој во минатото бил  еден од првите охридски лекари. Првиот добитник на стипендијата е студентот по медицина Виктор Трпчески.  


Дек 30, 2011

Ваков заклучок беше донесен на последната седница на советот. Износот од 1200 денари годишно кој ги вознемири граѓаните, според координаторот на претпријатието, Пандески иако висок сепак реален. Тој се пофали и со висок процент на наплата. Градски гробишта со рок до 15ти Јануари да се произнесат по заклучокот.