Skip to main content
Дек 27, 2017

Локални ѕвезди ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на новата година на градскиот плоштад. Заради краткиот период и ограничените финансиски средства со кои располага општината за тековната 2017та  организиран е еден скромен дочек, вели градоначалникот Јован Стојаноски.Новина оваа година е тоа што локалната самоуправа го започна проектот „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој започна од 20-ти декември 2017 до 20-ти јануари 2018 година.


Дек 16, 2011

Удрен камен темелник за муслиманска капела. Станува збор за голем објект кој ќе се гради во рамките на градските исламски гробишта, за чијашто изградба ќе се потрошат средства во висина од некаде околу 100 000 илјади евра. Иницијатор е советникот Кујтим Усеини.


Мар 20, 2015

Пролетта во нашата земја и на северната хемисфера почнува денеска во 23 часот и 45 минути. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи есента.


Дек 16, 2011

Основниот суд во Прилеп утрово ја соопшти пресудата за убиството на српскиот државјанин Дејан Новаковиќ, во повтореното судење, откако битолска апелација ја укина првобитната пресуда за четворицата обвинети за учество во толпа со смртни последици лани во Охрид.


Дек 27, 2017

Организиран пред новогодишен базар во основното училиште „Григор  Прличев“.  Учениците  продаваа  новогодишни декорации ,а собраните средства ќе бидат наменети за набавка на технички и надгледни средства за училиштето. 


Дек 15, 2011

Безбедноста во градот теоретски стабилна. Ваков е заедничкиот став на сите чинители во градов кои се задолжени за безбедносната состојба на општина Охрид за време на престојните празници. Се очекуваат околу 30 000 посетители.


Мар 25, 2014

За повеќе од 2 проценти намален бројот на учениците во основните училишта за оваа учебна година, информираат од Државниот завод за статистика.


Дек 15, 2011

Ова е четврта премиера, за само осум месеци од работата на оваа устанува. Претставата зборува за тоа со колкавав ентузијазам и љубов работи оваа група на луѓе која ја носи тетараската уметност поблиску до охриѓани. 


Дек 27, 2017

Сеуште треба да се работи на подигање на свеста во јавноста за разните фоми на семејно и родово базирано насилство. Деновиве првата детска амбасада во светот Меѓаши врши обука на оваа тема пред претставниците на македонските граѓански здруженија.