Skip to main content
Дек 22, 2017

Поради нефункционирање на лифт, станарка од социјалната зграда штрајкува пред охридската подружница на Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор.


Дек 6, 2011

Министерството за транспорт и врски даде согласност за урбанистичкиот план на просторот на касарната. Сега на ред се советниците кои веќе на наредната седница ќе  се произнесат за овој комплекс кој се протега на  230.000 квадрати.


Дек 21, 2017

Во комплексот Кам Вилиџ отворен хотел. Хотелскиот објект е со 4 ѕвезди и располага со 39 соби. Во рамките на комплексот работи и ресторан  со прилагодени цени за  семејни ручеци и вечери.


Дек 6, 2011

Регионалната занаетчиска комора од Охрид доби нов претседател. Стариот очигледно незадоволен од случувањата, ја избрка нашата новинарска екипа од овој јавен настан. Сепак ништо не влијаеше врз нормалниот тек на изборот со кој Сашо Богоески стана нов претседател на занаетчиската комора. Покрај претседателот беа избрани и нови членови на управниот одбор.


Сеп 13, 2015

Островот на змиите е едно од најсмртоносните места на светот


Дек 6, 2011

Охрид пред прагот за влез во долгоочекуваната втора фаза на децентрализација. Но со десна нога зачекори ОК на ВМРО – ДПМНЕ, бидејќи одлуката за влез, Владата прво им ја соопшти нив, забележува Петрески.


Дек 21, 2017

Намален бројот на членовите во управните и надзорните одбори на охридските ЈП. Тоа е со цел да се намалат трошоците за исплаќање на паушали, појаснува координаторот на советничката група на СДСМ, Константин Георгиевски. Денес се одржа четвртата седница на Совет на која беа именувани новите членови на управните и надзорните органи на ЈП во градов. Опозицијата ја бојкотираше седницата.


Дек 6, 2011

Со одлука на Владата на Република Македонија, на нашата општина и се овозможи влез во втората фаза на децентрализација со старт од 01.10 2012 година, информираа денес од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.


Мар 10, 2015

Овој петок на репертоарот на Народниот театар од Охрид ќе биде поставена театарската претстава  „На Дното”, работена по истоименото дело на Максим Горки.