Skip to main content
Дек 16, 2017

Проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охридската чаршија ќе се стопира, изјави министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Министерот рече дека мора прво да се смират тензиите и да биде испочитувана законската процедура, со што судбината на Али Пашината џамија би била вратена во рамките на она што го нуди законот.


Ное 29, 2011

Охриѓанката, Домне Симончева припаѓа на генерацијата волонтери на општинскиот Црвен крст од самото нејзино формирање, март 1945 година. Оваа наша сограѓанка, во своето сеќавање се навраќа со видливи симпатии на  периодот кога станала дел од оваа хуманитарна организација.


Сеп 2, 2021

Утринската роса го локализира пожарот на Галичица, но опасноста сеуште постои, информираат тимовите на Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид, кои од рано утрово патролираат долж граничната линија.


Ное 28, 2011

Посебен полициски тим на СВР Охрид, од 13 ноември па навака, во координација со езерската полиција, спроведе засилени мерки за пронаоѓање на лица кои во водите на Охридското езеро вршат незаконит риболов. Од СВР откриваат дека мерките биле спроведувани во различни временски периоди на целто крајбрежје. Во акциите за незаконит риболов против повеќе лица биле поднесени соодветни пријави.


Дек 16, 2017

Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј Охрид поднесе Министерството за култура. Оваа пријава е поради непостапување по судска одлука за отстранување на потпорни ѕидови до Музејскиот комплекс „Куќата на Робевци“, во спор со соседите, при што бил оштетен буџетот на Установата со околу 120.000 евра.


Ное 28, 2011

Дали е на повидок конечно решение на просторниот проблем со кој години наназад се соочува Охридската библиотека „Григор Прличев“?


Дек 15, 2017

Сериозно се работи на решавање на проблемот на регулацијата на Охридското езеро кај истекот на реката Црн Дрим. Дримскиот процес кој се води помеѓу пет држави кои припаѓаат во Дримскиот басен ги дава своите првични резултати. Започна процесот за изработка на менаџмент план за управување со сливот на Охридското езеро.


Ное 28, 2011

Охриѓани и туристите со години ги мачи еден наизглед банален проблем, немање јавни тоалети во чаршијата, крај брегот и во стариот дел од градот. Ова е проблем на кој подолго време не може да му се стави крај, кога станува збор за елементарните хигиенски  потреби на посетителите на нашиот град.


Сеп 12, 2015

“Моделот кој го имаат Lidl и Aldi ќе бидат оној кој ќе се покаже успешен во иднина.”