Skip to main content
Мар 21, 2014

Првиот Светски ден на Даунов синдром е одржан на 21 март 2006 година.


Ное 18, 2011

Зборникот со наслов „Осигурување на квалитет“ ја доживеа и својата официјална промоција. Во него објавени најуспешните училишни проекти од целата држава. На денешната промоција покрај авторите на оваа идеја, Јелица и Атанас Николовски присутни беа и просветни работници од повеќе градови од Македонија.


Дек 11, 2017

Жители од УЗ Стар град бараат да се  отстранат високите дрва од дворот на катедралната црква Св. Софија. Порачуваат додека не е доцна да се засадат нискостеблести дрвца и да не се повтори истата грешка од пред две години кога се исекоа високи дрва кои беа  опасни  за минувачите. Од Урбаната заедница бараат  за  хортикултурното уредување во дворот на црквата да се консултираат стручни лица. 


Ное 18, 2011

За десеттина дена ќе се знае каква ќе биде судбината на АД „ЕМО“ од Охрид. Новиот план за спасување на овој гигант, според вицепремиерот за економски прашања Пешевски, ќе го реши проблемот со неисплатените плати на работниците. За жал, како дел од решението Пешевски најави и отпуштање на повеќе од половина од вработените. Целта, според него, е со работа да продолжат единствено профитабилните дејности од претпријатието.


Сеп 28, 2012

Киоскот „Кај тетка Русе“, лоциран во дворот на СОУ „Нико Нестор“, под катанец. Учебната година започна, но овој киоск сеуште не.


Ное 18, 2011

Своето седумдецениско постоење, една од најстарите македонски банки, го заокружи со ова престижно признание. Најдобар доказ за успехот, плејадата задоволни клиенти.


Дек 11, 2017


Охриѓани со  поддршка  преку спорт за малиот Јане кој боледува од спинална мускулна атрофија за да се подигне свеста за ретките болести. Очите на пациентите и нивните семејства  се вперени во државата да се зголеми буџетот за набака на лекови за ретки болести. Во Македонија се претпоставува дека има околу 2000 лица од кои 450  регистрирани  пациенти со ретки болести.


Ное 17, 2011

Ништо од средствата во износ од околу милион и петстотини илјади евра на адреса комуналии за изградба на проектот Плаошник.


Ное 17, 2011

Хит претставата „Грев или шприцер“ во изведба на драмскиот театар од Скопје пред охриѓани. Претставата за која се бара билет повеќе ќе биде изведена во центарот за култура Григор Прличев во сабота  благодарение на одличната соработка на Охридско лето, центарот за култура и Народен Театар Охрид и нивните заложби во Охрид да има културни збиднувања во текот на целата година.