Skip to main content
Фев 12, 2015

Од месец јануари оваа година, канадскиот веб портал „The Province“, го започна натпреварот за избор на најубаво знаме.


Ное 16, 2011

Нови успеси за учениците од средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Од петтиот Меѓународен натпревар на средни угостителски училишта што се одржа во  Сараево – Босна и Херцеговина, охриѓани се вратија со бројни награди. Една златна, три сребрени, две бронзени медаљи, а во екипна конкуренција трето место.


Дек 9, 2017

За секоја болка во грлото, кивање, кашлање, секреција не треба веднаш да се посегнува по антибиотик, опоменуваат докторите. Нивната препорака е да се делува симтоматски а во консултација со доктор доколку е потребно да се земе антибиотик. На светско ниво веќе вклучен е црвениот аларм за се повеќе бактерии кои се резистентни на антибиотици. И додека на во светот се намалува некнтролираното земање на антибиотици кај нас тоа употребата е двојно поголема.


Ное 15, 2011

Четиригодишната Симона Јовеска од Охрид, не гледа. Нејзината мајка Гордана Сиљаноска сака само едно – да ја дознае дијагнозата за болеста на Мона, која до ден денес ниту еден доктор специјалист ја нема прецизно поставено.


Мар 20, 2014

Меѓу четворицата кандидати за шеф на државата – Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски, Илијаз Халими и Зоран Поповски, нема соработник со тајните служби утврди Комисијата за верификација на факти.


Ное 15, 2011

Пензионерите следни на листата на чекање за електронски здравствени картички. Се најавува рок од три месеци во кои картичките треба да стигнат до оваа категорија на граѓани. Аплицирањето за здравствените картички може да се направи или лично или преку матичниот лекар. Првоиздадената картичка ќе биде бесплатна за сите кои ќе аплицираат.


Дек 8, 2017

Општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа го одбележа својот патронен празник. Настапот на хорот на гимназијата и на оркестарот ја направи атмосферата во салата на Центарот за култура „Григор Прличев“  уште попразнична, а учениците од рецитаторската секција преку одбрани стихови ја пренесоа свети климентовата порака.


Ное 15, 2011

Промовирање на сунеѓерот како ендемичен вид кој живее во Охридското езеро, планинскиот чај,  собирање на стара хартија, електорнски отпад, чистење на Охридското езеро од градежен шут, собирање на отпадно масло од домаќинставата  се дел од реализираните активности  на одделението  за заштита на животната  средина при Локалната самоуправа.


Сеп 27, 2012

Рано е да се дискутира за менување на имињата на улиците и објектие во општина Струга, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ. Но сепак треба да се дискутира за неколкуте прекршувања на законот од мултиетнички карактер, сметаат од оваа политичка опција.