Skip to main content
Дек 6, 2017

Со развојната програма за туризам градот ќе ги  субвенционира станоиздавачите од мал обем со целосна сума од уплатената туристичка такса.  Услов е парите да се реинвестираат во подобрување на сметувачките капацитети, а тоа ќе го следи посебна Комисија. Станоиздавачите го одобруваат следењето на реинвестирањето , но сметаат дека е потребна  поголема контрола при наплатата на туристичката такса.


Ное 7, 2011

Спроти Митровден, пред 67 години во едно многу студено  ноемвриско утро, послано со слана и сињак, партизаните од Охридската бригада предводени од комесарот Спасе, преку планина од Дебрца слегуваат во градот за да учествуваат во  ослободувањето на Охрид.


Дек 6, 2017

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 07. декември 2017 година (четврток), ќе се служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник – Охрид, по повод празникот „Свети Климент Охридски“ со почеток во 16:00 часот на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.


Ное 7, 2011

Со тридневната прослава, почитта кон Алах муслиманите ја искажуваат со колење курбан. Со овој празник се крунисува и аџилакот, кој важи за петти темел на исламот, кој е доказ за солидарност и благосостојба.


Сеп 10, 2015

До крајот на годината ќе се потопи бродот на некогашната воена морнарица со кој пловел и Тито


Ное 5, 2011

Љубаништа како погранично туристичко место со 130 постојани жители и околу 320 викендички е привлечно место за живеење. Мештаните, сепак имаат потреба од осовременување на инфарструктурата  и бараат поголемо внимание од локалната и централната власт.


Дек 5, 2017

Започнаа градежните работи за поставување јавни тоалети на две локации во градов. Со ова решаваме еден огромен проблем што во градов се провлекуваше години наназад. Тоалетите треба да бидат ставени во функција.


Ное 5, 2011

Клубот на млади на Црвениот крст од Охрид слави 15 години постоење. Овој јубилеј, младите од Црвениот крст ќе го прослават со голема хуманитарна забава. Забавата на Црвениот крст е од слободен карактер, така што сите граѓани може да присуствуваат, а доколку се во можност и со своја донација да помогнат во собирањето средства за помош на тројца наши сограѓани.


Јан 23, 2015

Сите љубители на музиката на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проевски, утревечер ќе имаат можност да уживаат  во изведбите на неговите дела од страна на реномирани млади музички таленти од нашиов град.