Skip to main content
Окт 26, 2011

Тој на денешната прес конференцијата во врска  обвинувањата за непотизам истакна дека неспорен е професионализмот и знаењето кое го поседува неговиот брат.


Ное 30, 2017

На Булевар Туристичка почна засадувањето  садници на местата каде пролетта дрворедот  беше исечен. Засадени се 40 јавори, а се набавени 160 стебла од видовите јасен и јавор. Се чека формирањето на новата општинска Комисија за сечење дрва по што ќе следува и сечењето на исушените палми. На нивно место ќе се садат врби одгледани во   расадникот на јавното претпријатие Охридски комуналец. 


Окт 26, 2011

Дали македонското образование е блиску или далеку од стандардите на Европската унија? Ова е прашање на кое барем индиректно треба да даде одговор Регионалната конференција за инклузивност во образованието.


Ное 30, 2017

 Децата од охридската градинка  Развигорче преку песна и игра учеа за здрава храна и  за ре-креирање. Изработија и предмети од амбалажата од млеко кој ќе бидат  изложени на аукција со хуманитарен карактер. Донацијата ќе биде наменета за штитениците на СОС детско село.


Окт 26, 2011

Остана уште малку до 15 ноември кога стапува на сила законот за задолжително носење на зимска опрема на сите видови моторни возила.


Сеп 9, 2015

Авион кој требало да полета за Лондон не успеал да замине поради пожар


Окт 26, 2011

ВМРО-ДПМНЕ е крајно згрозена од начинот на кој СДСМ раководи на оние места каде што е власт. Безумието, ароганцијата и недомаќинлукот е врвна одредница на повеќето функционери од СДСМ, а врв на таквиот стил на работа претставува работењето на охридскиот градоначалник Александар Петрески, изјави денеска Харалампие Шокаровски, пратеник во Собранието.


Ное 29, 2017

Претставници од туристичката организација Златибор и заменик претседателот на општина Чајетина, Србија во посета на Охрид. Целта на посетата е претставување на Златибор пред охридските туристички работници како и зацврстување на соработката помеѓу Златибор и туристичкиот бисер, Охрид.


Окт 26, 2011

Објавена риболовната основа за Охридското езеро од страна на Хидробиолошкиот Завод. Со неа предвидено е 6 годишна забрана за лов на другите видови риба, покрај пастрмката. Охридските риболовци ова не го очекувале и се чуствуваат омаловажени.