Skip to main content
Дек 5, 2017

Усвоен нацрт буџетот на општина Охрид за 2018 година проектиран на близу 943 милиони  денари. Советниците од опозицијата при гласањето беа воздржани. Упатија забелешки на повеќе предлог одлуки од нацрт развојните програми од повеќе области во фискалната стратегија на буџетот. 


Ное 4, 2011

Ова прашање се повеќе ги мачи идните пензионери. Владата најавува дека ова нема да се случи, нo и дека износот на пензиите ќе биде зголемен во наредните години. Наспроти нив, експертите сметаат дека старосната граница мора да се зголеми за да се избегне колапс на пензискиот систем.


Сеп 25, 2012

ОК на ВМРО – ДПМНЕ Струга, на Локалните избори ќе трча со свој кандидат.


Ное 3, 2011

75 илјади евра и 18 илјади евра казна за новинари поради изеречена клевата. Новинари избркани од настан, поконкретно од доделувањето на наградата 11 октовмри. Селективно проверување на имотната состојба на новинарите или накратко кажано безредието во новинарставото се дел од причините поради кои ЗНМ води прегоговори со владата


Дек 5, 2017


Kратометражниот игран филм „Види ја ти неа“ на режисерот Горан Столевски, влезе во официјалната селекција на краток филм на престижниот 34.Филмски Фестивал во Санденс.


Ное 2, 2011

Проектот „Виртуелни компании“ на средното економско училиште од Охрид доби и државна афирмација. Успесите на овој проект се најдоа во печатеното издание во кое се собрани училишни проекти од целата држава. Зборникот во кој се собрани овие проекти носи наслов „Осигурување на квалитет“, а претставува синтеза на одлични идеи презентирани токму од учениците и нивните ментори.


Ное 2, 2011

Заврши продолжението на 40 сетата седница. Од околу триесеттина преостанати точки на дневен ред, 15 се изгласаа во 2 пакети, а само неколку од нив предизвикаа бурна расправа. Една од нив е Предлог одлуката за усвојување на финансискиот извештај на РЕ „Водовод“, Охрид за периодот од 01.01 до 30.06.2011 година.


Дек 4, 2017

„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар„Баал“, нова премиера на Охридскиот народен театар. Претставата е работена по текст на Бертолт Брехт, а во режија на Андрај Цветановски, а пред охридската публика вечерва ќе се прикаже предпремиерно, а утревечер е премиерата. Со оваа претстава всушност почнуваат чествувањата за одбележување на празнкот на патронот на Охрид, Св.Климент Охридски.


Ное 2, 2011

Во организација на охридското Супер радио, денеска пред општина Охрид беше поставен пункт за собирање на потписи во рамките на акцијата „Спас на дрвјата во центарот на градот“. Акцијата која започна на социјалната мрежа Фејсбук во саботата досега ја поддржаа многу граѓани.