За посета на Националните паркови во иднина ќе се наплаќаат влезници
„Совест“: Институциите не постапуваат согласно надлежностите околу Али Пашината џамија
Институциите не постапуваат согласно своите надлежности за да ги запрат градежните работи околу нелегалната изградба на минарето на Али пашината џамија во охридската чаршија. На објектот се гради со тешка механизација без градежна дозвола, а надлежните пласираат контрадикторни решенија и заклучоци, меѓусебно ги префрлаат одговорностите и се прогласуваат за ненадлежни, на прес конференција обвинуваат од ГЗ„Совест“.
Меѓународни сертификати за охридските основци
Нова песна на Антонио Пејоски
После одличните две авторски песни “НАЈМИЛА” и “НЕКА ГОРИ”, како и одличниот кавер на песната “Nunca te Olvidare”, Антонио повторно не изненадува со уште една прекрасна песна која носи наслов “ВЕЧНО ОСАМЕН” која што оваа година му го донесе второто место од стручното жири на ЕВРОФЕСТ 2014 – Скопје.
Охрид презентиран на Саемот за туризам во Нови Сад
На саемот присуствуваа претставници на Општина Охрид, хотелиери и претставници на туристички агенции од охридско- струшкиот регион.
Екипи од ЈП „Нискоградба“ денес ќе го вадат потонатиот брод „Мис Стон“
Тој ќе биде однесен на просторот кој сега го користи Хидробиолошкиот завод, а за понатамошната негова судбина ќе има соодветна процедура со сопственикот и со сите други надлежни институции. Роднини на сопственикот на бродот тврдат дека тој потонал поради несовесно однесување на поединци.
Нема пренамена на локацијата на Факултетот за туризам и угостителство
До донесување нов Генерален Урбанистички План, Факултетот за туризам и угостителство останува на старата локација и со истата намена. Нема формирање на ново јавно претпријатие за стопанисување со вода, а нема ни измени во ценовникот на ЈП Градски гробишта.
Наградата „Мостови на Струга“ во рацете на младиот шкотски поет Хери Мен
Шкотскиот поет Хери Мен е добитник на наградата „Мостови на Струга“, која фестивалот Струшки вечери на поезија и УНЕСКО во изминатите десет години ја доделуваат за дебитантска поетска книга од млад светски автор.
Охриѓани масовно се вклучија во акцијата за бесплатни кардиолошки преглед
За само неколку часа околку 150 граѓани побараа бесплатен кардиолошки преглед во импровизираниот шатор во градскиот парк.