Skip to main content
Ное 22, 2017

Факултетот за туризам и угостителство се подновува. Извршена е замена на дограмата на еден дел од старата зграда, а моментално се вршат зафати на промена на кровот. Ова се прави со пари од Министерството за образование. За наредната година се очекува да добијат дополнителни средства со кои ќе се смени целокупната дограма и ќе се реновираат предавалните.


Окт 6, 2011

Најавеното заладување од следната недела, ја носи и вакцинацијата против сезонскиот грип. Паралелено ќе се реализира и вакцинацијата на сите оние кои заминуваат на аџилак.


Сеп 18, 2012

Рецептот, збогатена гастрономска понуда и богата со содржини туристичка понуда со која се се зголемува анимацијата на гостите, но и малку поинаква целновна политика со која се привлекоа и македонските туристи.


Окт 6, 2011

Над 900 медицинари од земјава и странство, деновиве ги исполнија охридските хотелски капацитети. Тие се учесници на петтиот конгрес на здружението на педијатрите на Македонија, кој се одржува во Охрид.


Ное 21, 2017

Денес  православните верници го празнуваат Св.  Архангел Михаил. Бројни  верници го посетија единствениот охридски храм во Кошишта посветен  на овој светител. Св Архангел Михаил на многу охридски  семејства е заштитник и домашна слава, а и именден на луѓето кои го носат неговото име.   


Окт 6, 2011

Период за назначување на директори. Изборот на Локалната власт за директорските позиции се врши по теркот на добро проверени и докажани кадри, кои пред се законски ја исполнуваат обврската за можност да седнат во директорските фотељи.


Окт 6, 2011

Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите.


Ное 22, 2010

Везира Тотиќ, со освоеното прво место во категоријата до 53 килограми на Државното Првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, обезбеди место во Македонската карате репрезентација.


Јан 13, 2022

Не е вистина дека симптомите од омикрон варијантата на коронавирусот се нусефекти од „отровна вакцина“. Вакцините не содржат отрови, тие се сигурни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. Омикрон сојот на коронавирусот е настанат со мутирање на вирусот при што се случува промена на спајк протеинот кој е сменет 32 пати. Ова ја прави омикрон варијантата позаразна, иако засега нема доволно информации да се каже со сигурност каква клиничка слика предизвикува.