Skip to main content
Ное 11, 2010

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје од денеска до сабота ќе се одржат борбите од 40-тото јубилејно издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“.


Дек 9, 2021

Наспроти тврдењата во постот , во вакцините против ковид-19, нема мРНК модифицирачка трансхуманистичка нанотехнологија. мРНК технологијата потекнува од 1990, иако сега за првпат се користи во широкоупотребувани вакцини. Во вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“, мРНК се наоѓа во ,,липидна капсула” или попрецизно, во обвивка од масти, која е опишана како наночестичка. Префиксот ,,нано” само значи дека е мала, а не дека е нанотехнологија. мРНК вакцините не користат наноротботска технологија. Присуството на наночестички во ковид вакцините не значи дека тие може да содржат мали роботи или компјутери.


Сеп 22, 2011

Уште една мерка на СВР-Охрид за превенирање на насилството во училиштата. Заклучоците на денешниот состанок на советодавната група на граѓани генерално позитивни. На средбата беше потенцирано дека превенцијата на насилството во училиштата треба да биде заеднички напор и на полицијата, и на училиштата, но и на педагошките служби и центрите за социјална работа.


Ное 14, 2017

Охрид од почетокот на оваа година нема дневен центар за лица кои употребуваат дрога. Моментално функционира само центарот за издавање не метадонска терапија кој привремено беше сместен наспроти кожното одделение при општата болница. Иако тоа решение требаше да биде само краткотрајно, нема изгледи за негова дислокација. Единствено што ќе се прави тоа е подобрување на условите во кои моментално функционира.


Сеп 22, 2011

Производителот одговара за квалитетот на производот. Овој светски тренд се применува и кај нас.   Целокупната храна која се увезува и произведува во Р Македнија се контролира од страна на агенцијата за храна и ветеринарство.


Авг 31, 2021

Времето денеска во Охрид сончево со умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.


Сеп 22, 2011

На овој светски конгрес за хигиенско инжинерство и дизајн покрај за овие теми на големо ќе се дискутира и за квалитетот, безбедноста, производството и преработката на храна како во Македонија, така и во земјите од регионов.


Ное 14, 2017

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, бензините поскапуваат за 2,5 односно за 3 денари по литар, а дизелот ќе биде поскап за 2 денари за еден литар.


Сеп 21, 2011

Експертите велат дека тешките училишни чанти кои децата ги носат во училиште, неправилното седење во клупите, лошиот и во голем број случаи застарен инвентар во училиштата, недоволна физичка активност, несоодветните услови за живеење и слабата исхрана можеби не се причинителите, но секако одат во прилог за појавата на деформитети кај децата и адолесцентите.