Внимателно со домашните миленици
Општина Дебрца во минусно салдо
По само две недели работа, новиот градоначалник на Дебрца, Зоран Ногачески излезе со првичните податоци од направените анализи за финансиската состојба на општината.
Кој гради на „Видиковец“?
Индивидуална станбена зграда која се гради во стариот дел на Охрид на местото познато кај Охриѓани како Видиковец, затрупува базилика и темели од црквата Св Тројца. Жителите од ул. Климентов универзитет очајнички бараат помош од надлежните со цел да се стопира градбата на овој габаритен објект. Велат се обративме до сите инспекциски служби, но реакција од никаде. Очигледно оваа градба има посебен третман, додаваат тие.
Дали Струга се менува?
Продаден дел од атрактивните стари општински куќи во Струга. Граѓаните револтирани велат, не остана ништо од културното наследство и сметаат дека нема кој, истото да го заштити. Од Завод и Музеј не се согласни ваквото мислење на граѓаните.
Вонредното чистење на улиците останува да се наплаќа по метар должен
Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори
Триесетина охриѓани ќе добијат субвенции за ПВЦ прозори. На листата граѓани од цела Македонија се 1100 баратели. Граѓаните во наредниот период може да очекуваат на нивните сметки да се префрлат по 500 евра државни субвенции. Субвенциите се доделени во согласност со принципот „прв дојден, прв услужен“.